Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Волстрит: Трамп како корона – го предизвика најголемиот берзански пад од 2020 година

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2025 08:58

На американската, но и на сите други позначајни светски берзи, нагло паднаа акциите на многу брендови. Само на Волстрит беа збришани околу 2.400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500.

 Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 10 отсто на целиот увоз и на увозот од земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит и дополнителни реципрочни царини, на светските берзи владее паника.

Ова може да предизвика ескалација на царинската војна, прекини во синџирите на снабдување и меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите светски економии, па дури и рецесија кај некои од нив.

Азиските берзи беа првите на удар во четвртокот бидејќи Трамп најави драстични реципрочни царини за увоз од Кина, Јапонија, Индија, Тајван, Јужна Кореја…

Увозот од Кина, кој веќе подлежи на царини од 20 отсто, во иднина ќе подлежи на дополнителни давачки од 34 отсто, 24 отсто увоз од Јапонија, 26 отсто од Индија, 25 отсто од Јужна Кореја…

Како резултат на тоа, цените на акциите паднаа на сите азиски берзи во четвртокот, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја и Хонгконг.

Следеа европските берзи, каде индексите беа во длабоко црвено од отворањето бидејќи Трамп најави дополнителни царини на увозот од Европската унија од 20 отсто, а многу европски лидери возвратија со остар тон и најавија контрамерки.

На крајот од тргувањето, лондонскиот FTSE индекс се намали за 1,55 отсто, на 8.474 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3,01 отсто, на 21.717 поени, а париски CAC за 3,31 отсто, на 7.598 поени.

На Волстрит најголем пад од корона кризата

И на крајот на денот, удар беше Волстрит. Индексот Dow Jones падна за 3,98 отсто, на 40.545 поени, додека S&P 500 потона за 4,84 отсто, на 5.396 поени, а индексот Nasdaq за 5,97 отсто, на 16.550 поени.

За сите три индекси ова е најголем дневен пад од 2020 година, кога на пазарите владееше паника поради корона кризата. Ова вчера избриша околу 2.400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500.

Меѓу најголемите губитници беа акциите на голем број технолошки гиганти. Цената на Apple потона за 9,2 отсто, Amazon 9, Nvidia речиси 8 отсто…

Царините на Трамп се повисоки од очекуваното, па аналитичарите се зафатени со работа на нови проценки за нивното влијание врз американската и глобалната економија. Во исто време, отворени се многу прашања, вклучително и како ќе реагираат најголемите земји во светот.

Кина и Европската Унија најавија контрамерки. Јужна Кореја, Мексико, Индија и неколку други земји рекоа дека засега ќе се воздржат и ќе се обидат да преговараат.

„Сè уште има многу повеќе прашања отколку одговори на пазарот“, рече Стивен ДеСанктис, стратег во Jefferies Financial Group.

Индексот на страв VIX силно порасна

И додека вчера паднаа сите најважни индекси на Волстрит, единствениот што порасна беше индексот на страв VIX, кој се проби над нивото од 30 поени за прв пат од август. Тоа значи дека инвеститорите се повеќе ги осигуруваат своите портфолија од можен понатамошен пад на цените на акциите.

Трамп во четвртокот рече дека е отворен за преговори.

„Администрацијата на Трамп можеби игра ‘кој ќе попушти прв’ со трговските партнери, но инвеститорите не се подготвени да чекаат резултати. Прво ќе продаваат, а подоцна ќе поставуваат прашања“, рече Мајкл Ароне, стратег во State Street Global Advisors.

Затоа на светските берзи и во наредните денови се очекува неизвесно тргување.

 

 

 

берза волстрит Корона Пад Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.