Author: Zoran Ivanov
Безбедноста на Европа е на пресвртница, објавува во нејзината порака на социјалната платформа Икс, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен , која заедно со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествува на неформалниот состанок на мала група европски лидери попладнево во Париз. Само што пристигнав во Париз на критични разговори. Безбедноста на Европа е на пресвртница. Да, се работи за Украина, но и за нас. Итно ни треба нов начин на размислување. Треба да ја засилиме одбраната. И сега ни требаат и двете“, нагласува фон дер Лајен. Антонио Кошта од своја страна посочува дека на денешниот самит…
Европските лидери денеска ќе се соберат во Париз за да разговараат за одбранбената политика, војната во Украина и можниот облик на прекин на огнот.
Европа е на надолна патека, а доказ за тоа е фактот што некогаш беше најголема економија во светот, а сега е само трета, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека Украина нема да учествува во американско-руските разговори оваа недела за завршување на војната и нема да го прифати исходот од разговорите доколку Украина не учествува.
Поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија во 2024 врз основа на анкета од октомври до декември минатата година.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја предводи руската делегација на разговорите со САД во Саудиска Арабија, а во неговиот тим ќе биде и Јури Ушаков, советникот на Владимир Путин за надворешна политика.
Скопје: Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“- Битола.
САД ги прашаа шленките на ЕУ што би им било потребно од Вашингтон за да учествуваат во безбедносните аранжмани на Украина, објави Ројтерс повикувајќи се на документи.
Утревечер, 17-ти февруари, во Софија, петте афирмирани ансамбли од регионов под диригентската палка на маестро Најден Тодоров од Бугарија, ќе го изведат најпознатото дело на германскиот композитор Карл Орф, ,,Кармина Бурана”.Софиската филхармонија, Македонската филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун како и бугарските Национален филхармониски хор и Детскиот филхармониски хор, или околу 250 музички уметници, во Национален дворец на културата во Софија, заедно ќе прозвучат со величественото музичко-сценско дело и ќе ја пренесат пораката дека уметноста нема ниту граници, ниту идеологии ниту поредоци.Трите престижни оркестри утревечер во Софија ќе ги слават уметноста и љубовта преку три различни, а сепак идентучни…
Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија – ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави РСЕ.
Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на панелот „Проширување на ЕУ“ на безбедносната конференција во Минхен, рече дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“. Тој оцени дека изборот на Трамп треба да послужи за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и да не биде „толку самореферентна“. Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и Европа мора прво да престане да биде толку самореферентна. Се согласувам со Марта дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба…