Author: Zoran Ivanov

Љубомир Костовски: Денес седницата на Владата за одредување на мерки против зголемување на цените доживеа фијаско. Не е донесен никаков заклучок, а требаше да има мерки, откако сопствениците на маркетите рекле дека ако се намалат или замрзнат маржите ќе отпуштале работна сила! Така Комората ја покажа својата надмоќ над оваа Влада, која се избра да биде со крупниот капитал и да се поклонува кон оние што ја донесоа на власт – вложија во победата на изборите и сега си бараат Мицковски да работи само за нивниот профит. Да го вратат влогот, поедноставно речено. А народот, неговите протести на кои Мицковски…

Read More

Кристина Костова: Цените растат, стандардот тоне, платите стагнираат, инфлацијата ги изеде и тие малку порамнувања.Власта не презема ниту една мерка за да им помогне на граѓаните, туку се задолжува под лоши услови. Најавата за промена на државниот грб доаѓа како продолжување на режимската матрица од 2014 година, кога во целосен аздис се ништеа симболите на сѐ што е чесно и доблесно, а се наметнуваа симболите на дпмнеизмот, сурово и насилнички. Ниту ветиле, ниту некој им побарал промена на грбот, ама со оваа нивна споделена замисла го потопуваат секое барање на граѓаните за овозможување услови за минимум пристоен живот. Леб и…

Read More

Кина понуди да биде домаќин на самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за да помогне да ѝ се стави крај на војната во Украина, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на информирани извори.

Read More

Русија не може да биде наградена за агресијата врз Украина, изјави Јоханес Летернберг портпарол на Европската комисија, одговарајќи на новинарски прашања за разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Ништо не може да се одлучува за Украина без Украина, истакна портпаролот, додавајќи дека секој праведен и траен мир мора да ги вклучи Киев и ЕУ во преговорите. Тој нагласи дека потенцијалниот мировен договор мора да ја гарантира територијалната целовитост, суверенитетот и независноста на Украина. Лош договор би значел повеќе војна. Нашата задача е да ја поддржиме Украина, рече тој, најавувајќи дека на претстојната Минхенска безбедносна конференција…

Read More

Даниела Колева: За само неколку месеци владеење на ДПМНЕ добивме: Најниска минимална плата во регионот! Најниска просечна плата во регионот! Највисока инфлација! Највисоки цени на храна! Највисоки сметки за струја до сега! Највисоки сметки за парно греење! Највисоки сметки за вода! Најголем јавен долг! Најнизок економски раст во Европа! Ниту еден нов проект! Најголем број скандали! Прашањето е дали некој живее подобро откако тие дојдоа на власт?

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

Read More

Тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп – некои со кои се заканува, други веќе спроведени – предизвикаа бура на светските пазари, соборувајќи ја вредноста на неколку валути.

Read More

Толку од правната држава Јована Тренчевска: Кога правната држава и владеењето на правото е погазено! Собранието е претворено во штаб на дпмне и на вазалите од знам. Да се сруши системот и да се постават партиски послушници. Незаконска смена на директорот и заменикот директор на Агенцијата за администрација беше најновата апсурдна и незаконска одлука на мнозинството во Собранието! Толку од правната држава!

Read More

Министри за надворешни работи на неколку земји-членки на Европската Унија на денешниот состанок во Париз ја потврдија својата поддршка за Украина. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека Полска ќе продолжи непоколебливо да ја поддржува Украина и да ги зајакне санкциите пред потенцијалните разговори со Русија. На состанокот на министрите за надворешни работи на Украина и нејзините сојузници во Париз, тој истакна дека продолжувањето на соработката со американската администрација останува важна. Шефовите на дипломатиите на Шпанија, Германија и Франција денеска во Париз повторија дека ниту една одлука за Украина не може да се донесе без Киев и без…

Read More