Author: Zoran Ivanov

Белград: Театрите во Србија започнуваат седмодневен штрајк. Во соопштението навеле дека ја изразуваат целосната солидарност со студентите и безусловно ги поддржуваат сите нивни барања. Српскиот претседател Александар Вучиќ  претходно најави дека Владата на Србија, треба да се формира до 19. или 20. март, а ако не, тоа значи дека изборите најверојатно би се одржале на почетокот на мај. Тој рече дека ќе продолжи да инсистира на дијалог со студентите кои протестираат во српските градови по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1-ви ноември минатата година, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Read More

Хамас денеска треба да ослободи уште тројца заложници во замена за десетици Палестинци затворени во израелските затвори како дел од договорот со Израел за примирје во Појасот Газа.

Read More

Тонино Пицула: Студентите и граѓаните кои протестираат мора да одлучат како ќе продолжат со нивните протести и секако мора да ги артикулираат политички. Протестните маршеви и блокадите ја ставиле земјата во нешто како вонредна состојба. Ми се чини дека студентското и граѓанското движење во Србија бара некаква социјална еманципација, поточно, еманципација на општеството од државата, што покажува многу карактеристики на заробена држава и хибриден режим. Потребна е политичка артикулација, која сè уште отсуствува. На протестите недостигаат знамиња на Европската унија,а поради широко распространетата анти ЕУ пропаганда што се ширеше со децении во медиумите кои ѝ служат на владата.

Read More

Веле Митаноски: Српските студенти ја разбудија заспаната совест на нивните колеги од Грција, пред се, заспаните институции со случајот од пред неколку години, кога при судир на композиции загинаа десетици луѓе,главно студенти. На Синтагма вчера вриеше од младост. Младоста побара одговорност. Во 1968 година, бев студент во прва година, кога младоста тргна од Студентски град во Белград, за што доби пендреци, а шпанскиот борец од граѓанската војна, Вељко Влаховиќ, побара од тогашната “народна милиција” да ги тргне тие „медвеѓа говна” од грбовите на студентите. Пред неколку дена Синиша Ковачевиќ, испрати предлог до Нобеловиот комитет за Нобелова награда за студентите што…

Read More

Ричард Гренел: Односите меѓу Косово и Соединетите Држави се на најниско ниво во историјата. Косовскиот премиер Аљбин Курти го осудувале и првата администрација на Доналд Трамп, администрацијата на Џозеф Бајден, НАТО, Европската Унија и други. Курти претходно за приштинските медиуми изјави дека односите меѓу Косово и САД се на најдобро ниво досега. Заблуда. Односите никогаш не биле на пониско ниво. Албин Курти го осудуваа првата администрација на Трамп, администрацијата на Бајден, НАТО, ЕУ, Амбасадата на САД, Ентони Блинкен итн, …. Линк

Read More

Кривична одговорност за сите инволвирани, уште денес, зашто утре може да биде доцна. Чашата е прелиена, не ни бега улицагта, блиску сме до побуна по рецептот на студентите од Србија. Со ист мотив: заробени и непостојни институции!

Read More

Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија, рече бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.

Read More

Венко Филипче: СДСМ ќе поддржи реформи во правосудството но со национален надпартиски консензус за кој е потребно формирање заедничка работна група во Собранието кое че ги дефинира и контролира и заеднички ќе ги спроведува реформите во правосудството. Не смееме да дозволиме нова партизација и окупација од страна на власта а ќе подржиме ако ВМРО ДПМНЕ има само искрена намера.Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Гдањск изјави дека Европската унија ќе го почитува тоа што Полска одбива да се придржува до усвоениот Пакт за миграција и одбива да прифати мигранти според квоти, бидејќи Брисел има разбирање дека на полската граница со Белорусија и Русија со ЕУ не се работи за класична миграција туку хибриден напад на тие две земји врз ЕУ.

Read More

Петровска: Ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната и лично мене ме критикуваа за потпишаниот Колективен договор, сосема очекувано е дека ваквите информации се вистина.

Read More