Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Модернизацијата на Армијата во застој – блокади, скандали и партизација

0
By Zoran Ivanov on February 7, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 7, 2025 19:10

Петровска: Ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната и лично мене ме критикуваа за потпишаниот Колективен договор, сосема очекувано е дека ваквите информации се вистина.

Џабир Дерала

За жал состојбите во МО и Армијата покажуваат дека процесите на модернизација заостануваат и освен тоа што буџетот е  зголемен на хартија, многу од проектите за модернизација се одложуваат без објаснување. Ова се однесува и на набавките, и на законските предлози, изјави за ЦивилМедиаСлавјанка Петровска, пратеничка на СДСМ и поранешна министерка за одбрана. Таа одговори на барањето од ЦивилМедиа за коментар на соопштението на Министерство за одбрана во кое се тврди дека нема застој во процесот на модернизација на Армијата.

Петровска потсетува на неколку критични процеси што се започнати за време на нејзиниот мандат како прв човек на одбраната, но кои сега се стопирани.

„На пример, предлог Законот за критична инфраструктура е клучен закон кој го подготви експертска работна група со поддршка на експерт на ЕУ и пред изборите беше во владина процедура. Но, после 8 месеци сеуште не е донесен. Или пак пакетот на закони за реформата на системот за управување со кризи, проект кој беше завршен и треба да се имплементира преку законски измени“, изјави Петровска за ЦивилМедиа.

Поранешната министерка за одбрана изрази загриженост и поради намерното проблематизирање на постапката за ремонт на хеликоптерите.

„Ме загрижува и фактот што ремонтот на хеликоптерите кои беа испратени во Чешката компанија Лом Прага намерно бил проблематизиран, заради што леталата не беа донесени во државата во јули и за жал не можеа да учествуваат во гаснењето на пожарите“, критикува Петровска.

Нашата соговорничка открива и дека, наводно, се подготвува и намалувањето на правата од работен однос што, според неа, би било скандалозно.

„Особено сум загрижена заради некои информации кои до мене стигнаа од членови на синдикатот кои велат дека се подготвувало намалување на правата од работен однос што за мене би било скандалозно“, предупреди Петровска.

Тоа за неа не е изненадување, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната.

„Ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната и лично мене ме критикуваа за потпишаниот Колективен договор, сосема очекувано е дека ваквите информации се вистина“, потсетува Петровска.

Наместо подобрување на статусот на вработените во одбраната, открива Петровска, се потпишуваат решенија според кои луѓето се делата на партиски подобни и неподобни.

„Со задоцнување од 7 месеци е донесена новата Систематизација на работни места и потпишани се нови решенија за распоредување со кои е направена поделба на партиски подобни и неподобни“, критикува Петровска.

Што се однесува до правичната застапеност, поранешната министерка за одбрана тврди дека мултиетничноста во ресорот одбрана се руши.

„За жал, кохезијата, единството и мултиетничноста што изминатите 7 години се градеше сега веќе се руши. Стравувам дека на подолг рок ова ќе се одрази и на квалитетот на работата и мотивираноста на вработените“, изјави Петровска во својата изјава за ЦивилМедиа.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.