Author: Zoran Ivanov
Кијив: Украинските сили успешно лоцираа и уништија еден од најнапредните руски противвоздушни ракетни системи, Бук-М3, чија вредност се проценува на 45 милиони долари. Веста беше објавена синоќа од копнените сили на украинската армија, пишува „Киев Индепендент“.
Вашингтон: Повеќе од 8000 летови вчера беа одложени низ САД, бидејќи отсуствата од работа на контролорите на летање, поради проблеми со буџетското финансирање на нивните плати, продолжија да го попречуваат американскиот воздушен сообраќај, а финансиската блокада на федералната администрација влезе во 26-от ден.
Американскиот претседател Доналд Трамп објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешното тестирање на нуклеарна ракета денеска ја оцени како „несоодветна“.
Никола Поповски: Во Словенија, во градот Ново Место, млад Ром (21) до смрт претепал маж на 48 г. што вчера ноќта дошол во кафулето да го заштити синот по претходна вербална расправија меѓу младите. Цела Словенија е многу возбудена и во шок. По повод убиството премиерот свикал состанок по кој министрите за правда и внатрешни работи веднаш си поднеле оставки заради „објективна одговорност“ и „желба да придонесат за смирување на состојбите“.
Берлин: Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија има намера да ги надгради своите вооружени сили во „најсилната конвенционална армија во Европа“, ветувајќи дека за ова ќе бидат обезбедени „сите потребни финансиски средства“.
Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2. ноември.
Боби Илиевски: За убиство на еден човек во Словенија оставка на двајца министри за правда и внатрешни.
Батуми: Фемке Бол од Холандија и Арманд Дуплантис од Шведска се прогласени за најдобри атлетичари за 2025 година.
Харисбург: Најмалку едно лице е убиено, а шест други се ранети во пукотница на Универзитетот Линколн во Пенсилванија за време на прославата за враќање на поранешните студенти, потврдија официјални лица, објави Си-ен-ен.
Работничката партија на Курдистан (ПКК) денеска објави дека ги повлекува сите свои сили од Турција во северен Ирак, а воедно ја повика Анкара да преземе „веднаш“ законски мерки за да го спаси мировниот процес што започна пред една година.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави политичко-кадровски промени во раководството по изборите.
