Author: Zoran Ivanov
Ивон Величковски: И кај вас и кај нас југо-советските тајкунски елити бараат виновник за сопствените грешки некаде на страна: За нефункционалните и партизирани институции и корупцијата кај вас се „виновни“ „Сорос, Курти и преку него Албанците, Американците, Хрватите, Бугарите…“ Кај нас „виновни“ се „Американците, Сорос, Бугарите, Грците, ДУИ и преку нив Албанците…“Во обата случаи партиите бараат „национално единство“, но во основа се спротивставени на дефинирањето на нацијата. Затоа вам ви нудат „српски свет“ од Бања Лука до Гевгелија, а нам ни нудат „никогаш Северна во српскиот свет“ од Гевгелија до Бања Лука. Линк
Платформата за кратки видео снимки ТикТок по неколкучасовен прекин, повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејината забрана.
Александар Кржаловски: -Не се дозволи одложено дејство на уставните измени, ниту измена на преговарачката рамка, ниту пак, Бугарија покажа добра волја со, да речеме регистација на некои од здруженијата на етничките Македонци, таму. Тоа беа адутите на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите. Се пробаа трите работи не успеа ништо. И сега е прашањето, очигледно нема што плус многу да се направи, освен да има некоја иницијатива Европската унија даде некоја декларација, изјава која нема да биде обврзувачка, а што ќе овозможи да почнат уставните измени кај нас. Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сака барем до локалните избори да не се случи такво нешто.…
Емилија Целакоска: За проф. Силјановска не може никој да каже дека таа не разбира што всушност прави со секоја извртена „интерпретација“. Со влијание на претседател, за жал го троши својот авторитет на професор по правни науки за да инсистира на наопаку од исправно. Една од најсилните ужаснувачки работи зад кои стои е нејзиното предефинирање на „уставен патриотизам“ како тежнеење за неменување на Уставот. Со оглед на упадот во Собранието во 2017-та, тоа дава идеја за оправданост на насилие, со цел Уставот да остане непроменет. Терминот „уставен патриотизам“ се поврза без мерит со терминот „уставобранители“ кој се здоби со некој вид…
Доналд Трамп изјави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе ѝ се овозможи на кинеската социјална мрежа „ТикТок“ привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа.
Јане Ѓорѓиоски 1 Полни усти за членството на Македонија во Европската унија на премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска-Давкова за време на протоколарни средби, изјави за медиуми и пред дипломати. Тоа било наш врвен приоритет, па сме немале друга алтернатива, па било државен интерес. Сиљановска вели на крилјата на реформите ќе сме летале кон ЕУ, ќе сме се европеизирале. Па додава – „членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе овозможи крај на опасноста од дестабилизација и балканизација!“. И такви мити слични флоскули и празни зборови, митови и преданија се изнаслушавме овие шест месеци од државниот ни…
Нигерија е примена како „земја партнер“ во алијансата БРИКС, објави бразилската влада, која во моментов претседава со алијансата.
Лондон: Повеќе од 10.000 милионери ја напуштиле Велика Британија во изминатата година, оценуваат аналитичарите на компанијата „Њу ворлд велт“,припишувајќи го тоа на повеќе причини, објавија денеска британските медиуми.
Израелските сили презедоа три израелски жени – Дорон Штајнбречер (31), Емили Дамари (28) и Роми Гонен (24) – кои беа држени од Хамас во Газа.
Адмир Лисица: Тој потајно очекува дека токму Трамп ќе биде тој што ќе му овозможи да успее во тоа што го прави овие години. Тој многу внимателно следи сѐ што се случува со и околу Трамп. Тој вложи и големи пари во контекст на лобирање, во надеж дека ќе се искачи на листата на приоритетите со сепаратистичките тенденции на Република Српска. Тој е далеку, далеку од реалноста. Но секако треба да биде аларм за ЕУ, НАТО и САД кои, ако се вистински пријатели на БиХ, треба овој сепаратист и сецесионист, Милорад Додик, кој е и отворен руски играч, да го…
Првите камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа само неколку минути по стапувањето во сила на примирјето договорено меѓу Израел и Хамас, објави денеска претставник на ОН за палестинските територии на социјалната мрежа „Х“.
Роднините на тројцата израелски заложници кои треба да бидат ослободени од Појасот Газа подоцна денеска, како дел од договорот за прекин на огнот, потврдија дека очекуваат ослободување на жените, според израелските медиуми.