Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски и Сиљановска се мајтапат со нас кога велат – членството во ЕУ е врвен приоритет?!

0
By Zoran Ivanov on January 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 19, 2025 18:32

Јане Ѓорѓиоски

1 Полни усти за членството на Македонија во Европската унија на премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска-Давкова за време на протоколарни средби, изјави за медиуми и пред дипломати. Тоа било наш врвен приоритет, па сме немале друга алтернатива, па било државен интерес. Сиљановска вели на крилјата на реформите ќе сме летале кон ЕУ, ќе сме се европеизирале. Па додава – „членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе овозможи крај на опасноста од дестабилизација и балканизација!“. И такви мити слични флоскули и празни зборови, митови и преданија се изнаслушавме овие шест месеци од државниот ни врв гордо македонски.

2 Од друга страна, излегува кој и да е официјален и неофицијален претставник од ЕУ и наши пријатели и буквално ни велат:
Луди ли сте, или што ви е?! Искористете го моментот на поволна клима во ЕУ во однос на проширувањето. Исполнете ја онаа смешна обврска за внесување на Бугарите во Уставот и терајте си капа накриво со отворање на кластери до полноправно членство. Ем излегувате кооперативни кај европските партнери, ем ги правите Бугарите уште посмешни во очите на Европа. Направете ги уставните измени и смејте им се на бугарските власти во лице. Паметна држава со зрели и одговорни политичари, така би направила. А ако им текне после на бугарчета да измислат друг проблем, ќе имате силен адут во рака. Нема да им помине! Ова ни го велат сите пријатели на Македонија, освен се разбира Орбан – пријателот од Мицкоски. А, Орбан што вели, Мицкоски тоа испорачува – бидете скраја од ЕУ држте се до мене.

3 Ќе барал Мицкоски „плусче“ да се додаде во Францускиот предлог. Ќе да е тоа што измислил Орбан. Жива смешка! Овој пат сами си го кочиме напредокот на граѓаните и државата, ЕУ не ни е виновна. Албанија со која бевме заедно, сега има да си бичи со напредок по кластери и ќе си користи поволни европски фондови во милиони евра. Црна Гора фура напред, во врат ни дишат Молдавија и Украина, а ние по се изгледа ќе си се дружиме со Косово и Вучиќ. Ма има да нè профураат и тие. Ќе си тапкаме во место, ќе јачаме гордост, ќе ни заминат уште неколку генерации во неповрат – а Мицкоски, Сиљановска и остала вмровска свита, е, тие ќе си товарат самарчињата со тендери, провизии од кинеско-унгарски кредити и ќе ни се потсмеваат на наивноста.

Во Едно: А каматата, каматата од сите овие нивни тралалајки што ги аминуваме – ние граѓаните сами ќе ја плаќаме, ич да не се секирате.

 

во едно јане ѓорѓиески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.