Author: Zoran Ivanov
Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, СБ проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3,0 отсто, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 отсто во однос на претходната проценка.
Врховниот суд ја поддржа забраната на ТикТок во САД од безбедносни причини ако кинеската компанија „Бајтденс“ не ја продаде апликацијата до недела. Деветтемина судии едногласно одбија да ја спасат платформата што ја користат половина од Американците.
Министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибига ги поздрави во главниот град колегите од Албанија , Босна и Херцеговина , Молдавија , Северна Македонија , Романија , Словенија , Турција , Хрватска и Црна Гора.
Документарниот филм „Време на Бетон“ во продукција на Скопје филм студио и на продуцентот Томи Салковски, а во режија на Игор Иванов Изи, е добитник на наградата за најдобар документарен филм на 13-от „Нов балкански филмски“ фестивал во Стокхолм. Филмот „Време на Бетон“ е посветен на архитектонскиот подем иархитектонскиот пад на пост земјотресно Скопје.
Полициски службеници со употреба на сила избркаа 30-на опозициски советници и пратеници од Градското собрание во Нови Сад кои утрово влегоа и ја блокираа институцијата. Полицијата насилно избрка и новинари кои известуваа од Градското собрание.
Вршителот на должноста амбасадор на Полска во Скопје, Мариуш Бримора, вели дека не верува оти може да биде ефективен предлогот на македенските власти за одложени уставни измени.
Речиси 90 отсто од предвоеното население на Газа од 2,3 милиони е раселено поради континуираните израелски напади, при што многу луѓе беа принудени да живеат во шатори откако нивните домови беа претворени во урнатини. Кон крајот на минатата година, ОН соопштија дека повеќе од 1,8 милиони луѓе страдаат од екстремен глад, цитирајќи ги проценките на ИПЦ- глобалната иницијатива за безбедност на храната. Ела Џојнер Сè уште непотврдениот прекин на огнот даде момент на надеж за Газа. ЕУ е подготвена да испрати помош и поддршка, но ќе треба и да се обиде да влијае на идниот американски претседател Доналд Трамп од…
Лондон: Нивото на јаглерод диоксид – CO2 во нашата атмосфера минатата година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците, сугерирајќи дека постигнувањето на клучните цели во глобалната борба против климатските промени сега е се помалку возможно, објавија денеска британските медиуми.
Најновата верзија на ракетата на „Спејс Икс“ експлодираше во вселената неколку минути откако беше лансирана од Тексас.
Нови Сад: Советниците на градот и некои пратеници го окупираа Градското собрание.
Брисел: Шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер изјави дека Алијансата презема дел од одговорноста за координирање на воената помош за Украина, која досега ја организираа САД. Ова го пренесе Укринформ, повикувајќи се на неговата изјава на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел.
Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.