Author: Zoran Ivanov
Букурешт: Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени при експлозија во главниот град на Романија.
Џабир Дерала: Не можеме да зборуваме за вистински демократски процеси кога збориме за изборни процеси на Западен Балкан. Во тој контекст Западен Балкан предничи во искористување на национализмот и националистичката омраза во најевтината инвестиција со нависок профит, а тоа се изборите.
Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Само неколку дена по завршувањето на војната во Појасот Газа, милитантниот исламистички Хамас, кој е класифициран како терористичка организација од Германија, ЕУ, САД и неколку други земји, продолжува да го демонстрира своето барање за контрола врз Газа. Според извештајот на израелскиот весник „Хаарец“, Хамас сè уште има околу 40.000 борци. Тие се појавуваат сè почесто на улиците и плоштадите на Појасот Газа.
Москва: Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на Советот за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тирана: Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавата на движењето „Самоопределување“, на Албум Курти, по најавата за протестот што ќе се одржи утре во Тирана, во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои се во Хаг.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци дека тој сè уште не е подготвен да се согласи на продажба на ракетниот систем со долг дострел „Томахавк“, кој Украина очајно го бара.
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека Украина и Русија не се подготвени да склучат мировен договор, и покрај „енергичната дипломатија“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
Пред средбата со Зеленски, Трамп синоќа телефонски разговараше со Путин, со кого, како што рече, а потврди и Кремљ, беше договорено наскоро да се сретнат во главниот град на Унгарија.
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.
