Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон пост: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин – засега не ги дава Томохавките

0
By Zoran Ivanov on October 17, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 17, 2025 10:39

 Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци дека тој сè уште не е подготвен да се согласи на продажба на ракетниот систем со долг дострел „Томахавк“, кој Украина очајно го бара.

Зеленски се среќава со Трамп еден ден откако американскиот претседател имаше двочасовен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.

Во последните денови, Трамп изрази подготвеност да ѝ продаде на Украина крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“, иако Путин предупреди дека таков потег дополнително ќе ги влоши односите меѓу Вашингтон и Москва.

Но, по вчерашниот разговор со Путин, Трамп ја намали можноста Украина наскоро да го добие оружјето, кое има дострел од околу 1.600 километри. „И на Соединетите Држави им се потребни ракетите Томахавк“, рече Трамп. „Имаме многу од нив, но и нам ни се потребни. Не можеме да ја исцрпиме сопствената земја“.

Тој исто така рече дека му споменал на Путин можноста Украина да ги добие овие ракети. „Го прашав: Дали би ви пречело ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?“, им раскажа Трамп на новинарите. Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.

Зеленски со месеци бара оружје што ќе им овозможи на украинските сили да напаѓаат длабоко на руска територија и да погодат клучни воени, енергетски и инфраструктурни цели. Украинскиот претседател вели дека ваквите напади ќе го принудат Путин посериозно да ги сфати повиците на Трамп за директни разговори за завршување на војната.

Но, Путин, според неговиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков, го предупредил Трамп за време на разговорот дека снабдувањето на Киев со овие ракети „не само што нема да ја промени ситуацијата на бојното поле, туку ќе предизвика и сериозна штета на односите меѓу нашите земји“.

Денешната средба ќе биде четврта меѓу Трамп и Зеленски откако републиканскиот претседател се врати во Белата куќа во јануари, а втора за помалку од еден месец.

Трамп по разговорите со Путин објави дека наскоро ќе се сретне со рускиот претседател во Будимпешта за да разговараат за начините за завршување на војната. Двајцата лидери, исто така, се согласија да одржат состанок следната недела на нивните врвни советници, вклучувајќи го и американскиот државен секретар Марко Рубио.

По посредувањето за прекин на огнот и размена на заложници меѓу Израел и Хамас минатата недела, Трамп рече дека наоѓањето решение за војната во Украина сега е негов врвен приоритет во надворешната политика и изрази нова доверба дека е можен договор.

Пред разговорите со Путин, Трамп беше фрустриран од рускиот лидер. Минатиот месец, тој рече дека верува оти Украина може да ја врати целата територија изгубена во војната, значително отстапување од неговите претходни повици до Киев да направи отстапки за да го заврши конфликтот. Но, по разговорите со Путин, Кијив сигурно ќе биде оладен од сознанието дека Трамп не е подготвен да го испрати моќното оружје, пишува Вашингтон пост.

 

Зеленски томохавки Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.