Author: Zoran Ivanov
Неодамнешните истражувања покажуваат дека исхраната богата со флавоноиди, растителни соединенија кои се наоѓаат во чајот, црвеното вино, бобинките и темното чоколадо, може значително да го намали ризикот од Алцхајмерова болест. Научниците можеби се чекор поблиску до пронаоѓање на лек за Алцхајмеровата болест, откако ги идентификуваа суптилните знаци во мозокот на луѓето кои се изложени на најголем ризик да ја развијат болеста. Се верува дека болеста, која предизвикува губење на меморијата, е поврзана со таложењето на одреден вид протеин во мозокот, пишува „Дејли мејл“. Иако повеќето постари мозоци содржат одредено ниво на овие протеини, значително таложење може да формира плаки и заплеткани структури,…
Њујорк: Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД, каде што ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации.
Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.
Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите ќе почне со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер. На Широк сокак во Битола за првпат годинава ќе бидат откриени ѕвезди на сите…
Авичаи Адраи, портпаролот на израелската армија, изјави дека неколку други команданти на Хезболах се убиени заедно со Акил во денешниот напад во Бејрут, а либанските власти соопштија дека во нападот загинале девет лица, меѓу кои и деца.
На прв поглед, оваа мерка изгледа како пазарен потег на Владата, наместо како сериозна владина стратегија. Слични краткорочни мерки имаа и претходните влади, но тие не резултираа со значителен напредок во однос на инфлацијата или растот на цените на основните производи. Ова не може да се смета за долгорочно решение што ќе донесе стабилност во макроекономијата. Абил Бауш Наместо краткорочни „пожарни“ мерки какви што се „празничките кошнички“, време е Владата да размисли за долгорочни стратегии. Привремените решенија не се доволни за да ја стабилизираат нашата економија. Потребни се среднорочни и долгорочни реформи што ќе обезбедат одржлив економски раст и намалување…
Сега, со право може да се постави прашањето: кој тоа му вршел притисок на професорот Ванчо Ѓорѓиев меѓу двата изборни круга на последните локални избори? Атанас Костовски Преку „Слободен печат“ го замолив професорот да го соопшти името на политичарот што му вршел притисок, веројатно за некаква продажба на националните македонски интереси. Професорот никогаш не одговори, па може логично да се заклучи дека притисокот доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однапред предвидениот термин да се поднесе оставката меѓу споменатите два изборни круга на локалните избори. Владиниот селектор Христијан Мицкоски го соопшти новиот македонски тим за претстојните разговори со…
Густ облак од чад се издигна над главниот град на Либан Бејрут откако израелската војска соопшти дека извршила „цеден напад“. Жителите на јужните предградија пријавиле дека слушнале силна експлозија, пренесува Ројтерс.
