Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрошувачка кочница или кочница за економијата

0
By Zoran Ivanov on September 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2024 17:58

На прв поглед, оваа мерка изгледа како пазарен потег на Владата, наместо како сериозна владина стратегија. Слични краткорочни мерки имаа и претходните влади, но тие не резултираа со значителен напредок во однос на инфлацијата или растот на цените на основните производи. Ова не може да се смета за долгорочно решение што ќе донесе стабилност во макроекономијата.

Абил Бауш

Наместо краткорочни „пожарни“ мерки какви што се „празничките кошнички“, време е Владата да размисли за долгорочни стратегии. Привремените решенија не се доволни за да ја стабилизираат нашата економија. Потребни се среднорочни и долгорочни реформи што ќе обезбедат одржлив економски раст и намалување на инфлацијата.

Во изминатиот период, сведоци сме на постојани покачувања на цените, кои сериозно го засегаат стандардот на граѓаните во Република Северна Македонија иако инфлацијата е намалена и цените на енергенсите и на елементарните производи на светско ниво се одржливи или намалени. Владата, во обид да се справи со овој проблем, сака да воведе мерки како „потрошувачка кочница“, со цел да го ограничи ценовниот раст и да обезбеди заштита на најранливите категории. Сепак, анализата на овие мерки и нивната ефикасност, во споредба со претходните владини интервенции, наметнува сериозни прашања дали тие претставуваат вистински владини одлуки или, пак, само „маркет мерки“, кои краткорочно ќе ги ублажат последиците на инфлацијата, без да дадат трајни резултати.

Мерката за „потрошувачка кочница“, наменета да го спречи понатамошното покачување на цените на основните продукти, на прв поглед изгледа како обид за заштита на граѓаните. Ваквите мерки не се новитет – тие беа применувани и од претходната влада, која во одредени моменти ги ограничи цените на некои основни производи за да го намали притисокот врз потрошувачите.

Но, овие мерки имаат ограничен временски ефект. Тие можат привремено да го запрат ценовниот раст, но не ги адресираат основните причини за инфлацијата. Ова е особено важно во глобален контекст, каде што Северна Македонија е мал пазар, зависен од увозот на стоки и суровини, што значи дека ваквите „кочници“ тешко можат да дадат одржливи резултати.

Еден од најновите предлози од Владата е воведувањето на т.н. „празнички кошнички“ – мерка насочена кон олеснување на трошоците за време на празниците. Оваа мерка, наменета да ја намали потрошувачката кошничка за време на празничните периоди, изгледа како добронамерен обид за помош на домаќинствата. Но, дали ваквите кошнички ќе имаат вистински ефект, или се само краткорочна „маркет мерка“ без реален импакт?

На прв поглед, оваа мерка изгледа како пазарен потег на Владата, наместо како сериозна владина стратегија. Слични краткорочни мерки имаа и претходните влади, но тие не резултираа со значителен напредок во однос на инфлацијата или растот на цените на основните производи. Ова не може да се смета за долгорочно решение што ќе донесе стабилност во макроекономијата.

Во контекст на ваквите краткорочни мерки, важно е да се разгледа примената на Законот за заштита од нефер трговски практики. Овој закон е клучен за заштита на потрошувачите и спречување манипулативни практики на пазарот, особено во услови на кризи. Законот ги регулира нефер договорите, нелегалните покачувања на цените и злоупотребата на пазарната позиција од страна на компаниите. Важно е ваквиот закон да биде строго применуван за да се спречат ситуации во кои потрошувачите би биле изложени на злоупотреби од страна на трговците, особено во периоди на висока инфлација и економска неизвесност.
Наместо краткорочни „пожарни“ мерки како што се „празничните кошнички“, време е Владата да размисли за долгорочни стратегии. Привремените решенија не се доволни за да ја стабилизираат нашата економија. Потребни се среднорочни и долгорочни реформи што ќе обезбедат одржлив економски раст и намалување на инфлацијата.

За да се постигне одржлив економски раст и да се намали влијанието на глобалните инфлациски притисоци, неопходно е Владата да се фокусира на инвестиции во домашното производство. Со зголемување на производството на локално ниво, земјата може да ја намали својата зависност од увоз, што е клучно во борбата со глобалната инфлација. Производството на домашни производи не само што го намалува притисокот врз трговскиот биланс, туку и создава нови работни места, што дополнително го зголемува вкупниот економски раст. Исто така, постигнувањето на енергетска независност преку инвестиции во обновливи извори на енергија е клучен чекор во намалувањето на енергетските трошоци, кои значително влијаат на инфлацијата.

Паралелно со овие мерки, поттикнувањето на локални иновации и стартапи може да создаде нови можности за развој, зголемена конкурентност и продуктивност. Поддршката за стартапи и мали претпријатија преку финансиски и даночни олеснувања би овозможила пофлексибилна и поотпорна економија, подготвена да се справи со идни економски шокови. Даночните реформи што би биле насочени кон намалување на товарот врз малите и средни претпријатија, можат значително да ја подобрат нивната конкурентност на пазарот, што на крајот ќе резултира со поодржлива економска структура.

Во време на продлабочена економска нестабилност и постојан инфлаторен притисок, Владата на Република Северна Македонија се соочува со сериозен предизвик: како да ги балансира краткорочните мерки што веднаш одговараат на зголемените цени и трошоци за живот, со долгорочни решенија што ќе обезбедат траен економски раст и стабилност. Привремените мерки, како „празнични кошнички“ или ограничувањето на цените, можат да обезбедат краткорочно олеснување за населението, но не се способни да ги решат фундаменталните економски проблеми со кои се соочува земјата. Овие мерки не допираат до коренот на проблемите, како што се ниската продуктивност, зависноста од увоз и ограничените капацитети за домашно производство.

Долгорочните решенија, пак, бараат сеопфатен пристап, кој ги опфаќа сите сегменти на економскиот систем. Инвестирањето во домашното производство и енергетската независност е еден од основните чекори за обезбедување економска стабилност на среден и долгорочен план. Со тоа, не само што ќе се намали инфлаторниот притисок од глобалните пазарни шокови, туку и ќе се зголеми внатрешната економска отпорност. Дополнително, поттикнувањето на иновации, развојот на локални стартапи, како и реформите во даночната политика се неопходни за поддршка на малите и средни претпријатија, кои се двигател на економијата.

Овие структурни промени ќе создадат основа за одржлив развој, продуктивност и конкурентност на домашниот пазар. Владата, преку примена на Законот за заштита од нефер трговски практики, треба да гарантира фер пазарни услови, особено во времиња на кризи, кога потрошувачите се најранливи. Стратешките инвестиции во образованието, технологијата и енергетскиот сектор ќе овозможат економијата да се трансформира во повеќе иновативна и продуктивна, што ќе придонесе за долгорочен развој и повисок стандард на живеење. Линк

Текстот е сопственост на Слободен печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.