Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научниците открија знак за ризик од Алцхајмерова болест, години пред почетокот на симптомите

0
By Zoran Ivanov on September 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 21, 2024 10:09

Неодамнешните истражувања покажуваат дека исхраната богата со флавоноиди, растителни соединенија кои се наоѓаат во чајот, црвеното вино, бобинките и темното чоколадо, може значително да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

Научниците можеби се чекор поблиску до пронаоѓање на лек за Алцхајмеровата болест, откако ги идентификуваа суптилните знаци во мозокот на луѓето кои се изложени на најголем ризик да ја развијат болеста.

Се верува дека болеста, која предизвикува губење на меморијата, е поврзана со таложењето на одреден вид протеин во мозокот, пишува „Дејли мејл“. Иако повеќето постари мозоци содржат одредено ниво на овие протеини, значително таложење може да формира плаки и заплеткани структури, што се смета за предизвикувач на симптомите на деменција. Меѓутоа, канадските истражувачи откриле интересна промена во мозокот која може да се случи долго пред плаките (наслагите) да станат видливи на скенирањата (снимките) и сугерира дека тие најверојатно ќе се развијат.

Тим од Универзитетот Мекгил во Монтреал откри дека луѓето со намалена електрична активност во одредени делови на мозокот имаат поголема веројатност да развијат плаки кои предизвикуваат деменција. Во студијата, научниците анализирале две различни скенирања на мозокот на повеќе од 100 волонтери, сите со семејна историја на Алцхајмерова болест. Првата снимка ја следеше положбата на протеините во мозокот, додека втората ја забележувала мозочната активност во тие регии. Тие откриле дека луѓето со повисоки нивоа на еден протеин покажале хиперактивност на мозокот – повисоки фреквенции на мозочна активност. Спротивно на тоа, оние со двата типа на наслаги (плаки), покажале знаци на хипоактивност – забавување на активноста на мозокот.

Когнитивните тестови, исто така, покажале дека волонтерите со повисоки нивоа на двата протеини имаат поголема веројатност да доживеат губење на меморијата и пократко внимание. Научниците во списанието „Природна невронаука“ напишале дека нивните наоди сугерираат дека повисоките нивоа на овие протеини може да доведат до промени во активноста на мозокот коишто може да се забележат пред да се појават симптомите. Сега тие се надеваат дека повторно ќе ги скенираат истите учесници за да видат дали таложењето на тие протеини ја забавува понатамошната мозочна активност. Тие исто така сакаат да откријат дали може тоа точно да го предвиди когнитивниот пад.

Џонатан Галего Рудолф, експерт за невровизуелизација и главен автор на студијата, рекол: „Нашата студија обезбедува директни докази кај луѓето за претпоставената промена во неврофизиолошката активност, од нервна хиперактивност до хипоактивност и нејзината поврзаност со долгорочно когнитивно опаѓање“.

Алцхајмеровата болест погодува околу шест од 10 луѓе со деменција. Проблемите со меморијата, размислувањето и јазикот се вообичаени рани симптоми и се влошуваат со текот на времето. Неодамнешните истражувања покажуваат дека исхраната богата со флавоноиди, растителни соединенија кои се наоѓаат во чајот, црвеното вино, бобинките и темното чоколадо, може значително да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.