Author: Zoran Ivanov

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ги совлада Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година. Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27. За Црвено-жолтите следното првенство во Хрватска и Данска ќе биде деветто светско.

Read More

Јане Ѓорѓиоски Дали новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, директно од македонското Собрание, за време на првата реченица што ја изусти во свечената изјава ѝ обезбеди на Македонија уште едно вето од држава членка на Европската Унија? За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија, по што грчката амбасадорка присутна во собранието ја напушти свечената седница. Пред претседателката беше првиот сериозен предизвик – Ќе ги изневери ли оние 561.001 гласачи и ќе го користи уставното име Република Северна Македонија, или ќе одбере да биде прагматична…

Read More

Зоран Иванов Ѝ почна мандатот претседателски, го заврши говорот, матријахално ги мотивираше жените, ги охрабри демек способните и толку, за блокираните ЕУ интеграции од страна на нејзината матична патрија поддржувач ниту збор па, како почна, како инаугуративно се промовираше, ако вака предизборно продолжи, ако Калето и Брисел бргу не ѝ мавнат по две три заушки во стилот професорке доста беше фолирање, државата не е факултетска катедра, ако и оттаму ѝ премолчат, кажано во оваа една реченица, нашата љубена Татковина, нашата мила Македонија, ќе си продолжи и натаму партиско патриотски да си чмае и да си се препелка во сопствената немоќ…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа Икс порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека е многу разочарувачки што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не го употребила уставното име на државата при денешната свечена заклетва.

Read More

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.

Read More

Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис.

Read More

Гордана Силјановска Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Read More

Денеска во Скопје на 151-вата собраниска седница Гордана Силјановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија. Силјановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста. Во својод подолг говор таа зборуваше главно за жените и нивните можности во политиката посочувајќи се и себеси како пример. Новоизбраната претседателка на државата не спомна ништо за надворешната политика на Република Северна Македонија, за евороинтеграциите и за штетноста на македонсаките меѓународни договори пораки со кои остро и до степен на нивно негирање настапуиваше во предизборната кампања.

Read More

Емилија Мисирлиевски Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за која веќе преговарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со влада на друга земја,   за експертите е загрижувачки потег,  затоа што не се знаат условите и потсетуваат на едно лошо искуство со познатата „Милијардата од Тајван“ и пеналите што ги плаќаше  државата пред повеќе од две децении.

Read More

Скопје: На инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова, како нов Претседател на Северна Македонија нема да присуствуваат претседателите од соседните држави туку само амбасадорскиот кор во Скопје.

Read More