Author: Zoran Ivanov
Либанската група Хезболах го изврши ужасниот напад на Голанската висорамнина, во кој вчера загинаа дванаесет деца на возраст од 10 до 16 години, соопшти Белата куќа. Овој напад го изврши либанскиот Хезболах. Тоа беше нивна ракета истрелана од област што ја контролираат, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Адријана Вотсон. Нашата поддршка за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива пред сите закани што доаѓаат од Иран, вклучително и Хезболах, рече Вотсон. Таа додаде дека САД работат и на дипломатско решение за границата меѓу Израел и Либан кое еднаш засекогаш ќе стави крај на сите напади…
До крајот на ноември, Украина ќе изработи акциски план за мир, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за јапонскиот ТВ канал НХК Ворлд.
Имплементирање на сите препораки на Оценската мисија на Европската унија во судството очекува евроамбасадорот Дејвид Гир.
Сакраменто: Пожарот е повеќе од двојно зголемен за 24 часа и досега изгоре повеќе од 141.640 хектари северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто, соопшти локалната служба за заштита од пожари.
Околу три ипол пати повеќе абортуси имало во 2023 година споредено со 2020 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, покажуваат податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). За четири години, на оваа Клиника имало вкупно 2.626 абортуси, а бројот секојдневно растел од 2020 година до 2023 година. Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 имало 554, во 2022 имало 615, а лани 1.133 абортуси. Најмладата пациентка имала 13 години.
Каде е нашиот одбранбен систем, зошто неможевме сами да се справиме со пожарите, колку време беше потребно да се активираат „Ер тракторите“? Зошто грешките од пожарите во 2021 година во Малешевијата не не научија како да се заштитиме? Колку од ветеното дека ќе ги зајакнеме територијалните противпожарни станици како со човечки потенцијал, така и со соодветна заштитна опрема е реализирано? На сите овие прашања МИА побара одговори од повеќе релевантни институции. Авторски тим: Слаѓана Стојкова Костоски, Викторија Димитрова Јованова, Тони Ајтовски, Зоран Маџовски, Светлана Дарудова, Марјан Танушевски и Антоанела Димитриевска Зошто не можеме самите да се справуваме со пожарите? Пожарникари…
Посебна улога треба да добијат Здружението на судиите, Здружението на обвинители и Адвокатската комора. Ако е потребно да добијат и јавни овласувања за заштита на законитоста, етиката, моралот и професионалноста во работата, покрај одредбите во нивните Кодекси.
Никола Ѓуретановиќ: Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, бев многу возбуден. Но сепак ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања. Линк
Симболиката на отворањето на Олимпијадата е антиавторитарна, антипатријархална и слободарска лекција
Славење на слободата, еднаквоста, братството, низ диверзитетот, истрајноста и признавањето т.е. негата кон сите вклучувајќи ги и најслабите во општеството, соодветно. ЖЕНСКИОТ ПРИНЦИП.
Во извештајот на Универзитетот во Лимож се наведува дека Олимписките игри 2024 ќе донесат нето економска корист за Париз од речиси 12,2 милијарди долари. И Олимпијадата е инвестиција Трошоците за објектите и организацијата на Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз се фиксирани на 8,9 милијарди евра. Во извештајот на „S&P Global Ratings“ се наведува дека крајната сметка за Игрите во француската престолнина ќе биде под 10 милијарди долари или 25 отсто повеќе од првично проектираниот буџет. Се очекува дека обезбедувањето на Олимписките игри (Париз се соочува со ризици како ниту еден друг град домаќин во поновата историја), уште повеќе ќе го…
