Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стапката на адолесцентна бременост се уште висока, потребни сеопфатни програми за сексуално образование во училиштата

0
By Zoran Ivanov on July 28, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 28, 2024 09:41

Околу три ипол пати повеќе абортуси имало во 2023 година споредено со 2020 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, покажуваат податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). За четири години, на оваа Клиника имало вкупно 2.626 абортуси, а бројот секојдневно растел од 2020 година до 2023 година. Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 имало 554, во 2022 имало 615, а лани 1.133 абортуси. Најмладата пациентка имала 13 години.

Блаже Дарудов

Околу три ипол пати повеќе абортуси имало во 2023 година споредено со 2020 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, покажуваат податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). За четири години, на оваа Клиника имало вкупно 2.626 абортуси, а бројот секојдневно растел од 2020 година до 2023 година. Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 имало 554, во 2022 имало 615, а лани 1.133 абортуси. Најмладата пациентка имала 13 години.

Претседателот на МАГО, професор доктор Глигор Тофоски посочува дека стапката на адолесцентна бременост, на девојки на возраст од 15 до 19 години, сѐ уште е многу висока и дека годишно околу 100 млади девојки под 20 години абортираат.

Кога се во прашање младите, само 2,4 проценти од адолесцентите побарале совети за планирање на семејство кај својот матичен, семеен доктор или матичен гинеколог. Само 5,6 проценти од студентите во Скопје користат орална контрацепција. Најголем процент од младите го користат прекинувањето на сексуалниот однос (coitus interruptus) за заштита од непланирана бременост. Стапката на адолесцентна бременост, на девојките на возраст од 15 до 19 години, сѐ уште е многу висока и опфаќа 4,2 отсто од вкупните раѓања. Годишно околу 100 млади девојки под 20 години абортираат. Сето ова ја поткрепува потребата од воведување на сеопфатно сексуално образование, дециден е Тофоски.

Според извештајот на службите за здравствена заштита на мајки и деца за 2021 година,  во текот на 2021 година регистрирани се вкупно 20 живородени новороденчиња од мајки под 15 години и 791 живородени и 5 мртвородени новороденчиња од мајки на возраст од 15 до 19 години.

Стапката на бременост на девојките на возраст од 15 до 19 години – адолесцентна или тинејџерска бременост во 2021 година изнесувала 15,4 проценти на 1.000 девојки на истата возраст. Стапката на раѓање кај девојките од 15 до 19 години изнесува 14.1 на 1.000 раѓања од девојки на таа возраст.  Изразено во проценти како дел од вкупните раѓања, адолесцентната бременост опфаќа 4,2 отсто, и бележи благ пад во однос на 2020 година – 4,9 проценти. Во однос на абортусот на адолесцентна возраст, според бројот на абортуси пријавени во Центрите за јавно здравје во 2021 година кој изнесува 3.168, или 17,1 на 100 живородени, 78 или 2,4 проценти се кај девојки на возраст под 20 години, а најголем дел или 62,4 отсто се кај жени на возраст од 21 до 34 години, појаснува Тофоски.

Во нашата држава, според Тофоски, се чини дека примарното здравство во најголем дел, сѐ уште е насочено кон лекување на болестите, а не и кон одржување на здравјето на една личност.

Потреба од воведување сеопфатно сексуално образование

Според Весна Матевска, психолог и програмска раководителка во ХЕРА, важна е  едукацијата која помага полесно да се разберат потенцијалните физички и психолошки последици од несаканата бременост и абортусот.

Оваа едукација е потребна како за девојчињата и жените, така и за момчињата и мажите. Значајно е да се зборува за превенцијата од непланирана бременост и користењето на контрацепцијата. Придобивки кои индивидуите и паровите може да ги имааат од користењето на контрацепцијата се заштита од сексуално преносливи инфекции, превенција на непланирана бременост, зачувување на фертилитетот, намалување на болни менструални циклуси…, подвлекува Матевска во изјава за МИА.

Додава дека поголемото едуцирање за женското здравје и за начинот на заштита од несакана бременост, може значително да помогне во намалувањето на психолошкиот стрес и оптоварувањето кај жените во врска со оваа тема.

Едукацијата, вели, игра клучна улога во ослободувањето од предрасудите и стигматизацијата и може да придонесе за поголема свест и разбирање.

Кога жените се едуцирани за своите права и опции во врска со репродуктивното здравје, вклучувајќи ги и контрацепцијата и абортусот, тие имаат поголема контрола над своите тела и одлуки. Едукацијата, исто така придонесува и за зголемување на информираноста на населението и намалување на влијанието на ширењето на дезинформации и предрасуди околу овие теми, истакнува Матевска.

Кога е абортусот во прашање, вели Матевска, неопходно е да се надминат табуата, предрасудите и дезинформациите. Абортусот освен што е човеково право, треба да биде и слободен избор на секоја жена, подвлекува Матевска.

Абортусот не само кај нас, туку и во други земји е табу тема што отвора многу дискусии и многу често за жал, е предмет на предрасуди и стигматизација. Големо влијание во поделеноста на оваа тема се јавува и поради фактот дека ние сме земја, каде што традиционалните и религиозните вредности имаат големо влијание, во формирањето на перцепциите и ставовите околу некоја тема, појаснува Матевска.

Освен едукација, според Матевска, потребно е и воведување на сеопфатни програми за сексуално и репродуктивно здравје во училиштата за да може младите да добијат точни и релевантни информации од рана возраст.

Организирање и кампањи преку медиумите и социјалните мрежи за да се промовираат позитивни пораки и информации за репродуктивното здравје, создавање достапни и доверливи здравствени услуги, каде жените можат да добијат информации, совети и поддршка без страв од осуда, достапна контрацепција на позитивна листа и бесплатна контрацепција за ранливи категории, посочува Матевска.

Во 2023 година, Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава во соработка со националните партнери, започна формирање база на податоци за децата со цел развивање на демографски профил на детската популација во Северна Македонија. Во публикацијата „Профил на детската популација во Република Северна Македонија“ се посочува дека кај групата адолесцентки на возраст 15-19 години, во рамки на Пописот, 1000 девојки изјавиле дека имале родено едно или повеќе деца.

Стапката на раѓања кај адолесцентки изнесува 20 раѓања (19,7) на 1000 девојки на возраст 15-19 години. Доколку резултатите ги споредиме со Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), што во Република Северна Македонија беше спроведено во 2018 и 2019 година, на примерок од повеќе од 4000 домаќинства, постои незначително намалување на стапката на раѓања меѓу адолесцентки, од 21 на 20, се наведува во публикацијата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.