Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игрите во Париз многу поевтини од Рио, од Лондон и од Токио – колку чинат Олимпијадите?

0
By Zoran Ivanov on July 27, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 27, 2024 22:37

Во извештајот на Универзитетот во Лимож се наведува дека Олимписките игри 2024 ќе донесат нето економска корист за Париз од речиси 12,2 милијарди долари.

И Олимпијадата е инвестиција

Трошоците за објектите и организацијата на Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз се фиксирани на 8,9 милијарди евра. Во извештајот на „S&P Global Ratings“ се наведува дека крајната сметка за Игрите во француската престолнина ќе биде под 10 милијарди долари или 25 отсто повеќе од првично проектираниот буџет.

Се очекува дека обезбедувањето на Олимписките игри (Париз се соочува со ризици како ниту еден друг град домаќин во поновата историја), уште повеќе ќе го зголеми трошоците. Франција објави дека распоредува 45.000 полицајци и војници и 50.000 приватни лица за обезбедување на настанот во Париз и неговата околина. А, за да избегне штрајкови во олимписките денови, државата се согласи да понуди бонуси и бенефиции.

Дополнителен трошок беше и чистењето на реката Сена. Потрошени беа 1,4 милијарди долари за спортистите да можат да пливаат во неа. Исто така, постојат и 3,5 милијарди евра за проширување на линијата на метрото за бројот 14.

И покрај се, Организацискиот комитет на Олимписките игри инсистира на тоа дека „Игрите се прилично евтини“.

Какви се трошоците во споредба со претходните Олимпијади?

Олимписките игри во Париз засега се поевтини од Игрите во Лондон во 2012 година (16,8 милијарди долари), од Рио де Жанеиро во 2016 година (23,6 милијарди долари) и од Токио (преку 13,7 милијарди долари), според студијата чиј кокреатор е „Баџиер“ (Budzier).

Според извештајот на „S&P Global Ratings“, Игрите во Рио де Жанеиро и во Токио отстапија од првобитните буџети за повеќе од 350 отсто, односно за 280 отсто.

Работата на Берт Фливбјерг, економист од Оксфорд, од 2020 година открива дека „секоја Олимпијада од 1960 година го надминала буџетот“ во просек за 172 отсто во реален износ. Тоа претставува најголемо надминување што е забележано за било кој вид на мегапроект.

Се поставува прашање како Игрите во Париз го надминале буџетот за само 25 отсто?

Одговорот е во постоечката инфраструктура. Околу 95 отсто од објектите кои се предвидени за користење на Олимписките и на Параолимписките игри во Париз постоеја и пред победничката понуда на „Градот на светлината“. Потоа се изградија само три – Олимпиското село што чинеше 1,6 милијарди долари, Центарот за водени спортови вреден 190 милиони долари и местото за гимнастика и бадминтон од 150 милиони долари.

Зошто тогаш градовите се нафаќаат да бидат домаќини, со оглед на големите трошоци?

Меѓународниот олимписки комитет,МОК, соопшти – „Одржувањето на Олимписки игри создава силна економска корист“. Се наведува дека одржување на Игрите отвора повеќе работни места, го поттикнува туризмот и го подобрува финансиското здравје на градот. Во извештајот на Универзитетот во Лимож се наведува дека Олимписките игри 2024 ќе донесат нето економска корист за Париз од речиси 12,2 милијарди долари.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.