Author: Zoran Ivanov

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „предатор“, поради што е неопходно Европа да инвестира во одбраната.

Read More

Руските трупи синоќа масовно го нападнаа регионот Одеса со беспилотни летала. Нападите предизвикаа штета на енергетската инфраструктура и во моментов повеќе од 29.000 потрошувачи се без електрична енергија, изјави началникот на регионалниот полициски оддел на Одеса, Олег Кипер, во објава на Телеграм.

Read More

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле приходи од над 4,5 милијарди динари или околу 38 милиони евра, што значи дека сите трговски синџири ќе мора да ги применуваат, а некои од нив лани имале повеќе од една милијарда евра профит.

Read More

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот на настрешницата. Се сеќаваме на трагедијата, бараме одговорност, се бориме за подобра земја. Не ги вртиме главите. Заедно до крај, напишаа студентите во блокада на факултетите во Србија на својот Инстаграм профил, најавувајќи го протестот на 1 септември, со цел да ги поддржат средношколците кои најавија голем протест пред неколку дена.

Read More

Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитници и соучесници во униформа, порачаа родителите и семејствата на денешниот 20. Марш на ангелите во Кочани пред зградата на Полициската станица. Тие побараа неселиктивна и транспарентна истрага, но и Обвинителството да објасни и да ја информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот акт за вработените од МВР, за коишто како што велат „се сè уште на слобода, а не со третман каков што заслужуваат нивните постапки“.

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град.

Read More

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите. Марко Китевски / МПЦ Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете…

Read More

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови во главниот град Киев и на други места. Според извештаите, најмалку 14 лица загинале, а десетици се повредени.

Read More

Венецуела распоредила воени бродови и беспилотни летала за патролирање на брегот на земјата откако САД испратија три разорувачи во регионот за да извршат притисок врз претседателот Николас Мадуро.

Read More

Министерот за надворешни работи на Данска го повикал на разговор највисокиот американски дипломат во Копенхаген по медиумските извештаи за тајни операции што наводно ги извршувале американски државјани на Гренланд. Целта на тие операции била да се поттикне отцепувањето на таа полуавтономна данска територија во корист на Соединетите Американски Држави, пишува Обид за инфилтрација Данскиот јавен радиодифузер ДР, повикувајќи се на свои извори, објави дека целта на операцијата била инфилтрација во гренландското општество. Иако не е јасно за кого точно работеле американските државјани, данската разузнавачка служба претходно предупреди дека Гренланд е цел на „различни видови кампањи за влијание“. Министерот за надворешни…

Read More

Три лица се убиени, а 20 повредени во денешниот вооружен напад во католичко училиште во јужниот дел на американскиот град Минеаполис, соопшти американското Министерство за правда.

Read More

Вашингтон: Џорџ Сорос и неговиот прекрасен син од радикалната левица треба да бидат обвинети за РИКО поради нивната поддршка на насилните протести и многу повеќе, низ целите Соединети Американски Држави, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth social.

Read More