Најмалку 10 луѓе се убиени и 20 повредени во нападот на фреквентниот пазар во северо-источниот град Кундуз. Шефот на полицијата на провинцијата изјави дека главниот претставник на анти-тероризам и шефот на сообраќајната полиција се помеѓу убиените. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Талибанските бунтовници имаат стоено зад вакви слични напади.