Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авион се запали на пистата на јапонскиот аеродром Ханеда

0
By Ана Василевска on January 2, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото / Еуроњус, АП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авион полн со патници се запали денеска на пистата на аеродромот Ханеда во Токио.

Од видеото на локалната телевизија се гледа  како избувна пожарот од страната на авион на Japan Airlines додека се движеше на пистата. Потоа се запали и областа околу крилото.

Според Japan Airlines, пожарот избувнал откако авионот се судрил со авион со кој управувала Јапонската крајбрежна стража.

Авиокомпанијата потврди дека речиси 400 патници и членови на екипажот во авионот се безбедно евакуирани.

Првичните извештаи за авионот на крајбрежната стража велат дека додека пилотот очигледно избегал од пожарот, пет други членови на екипажот првично не биле пријавени. Тие сега се пронајдени, но нивната состојба е нејасна.

Подоцна, видео снимка покажа дека пожарникарските екипи работат на гаснење на пожарот на Ербас А350. Веднаш не беше јасно што се случило или дали има повредени. Телевизијата NHK објави дека авионот бил JAL летот 516 кој полетал од аеродромот Шин Читосе во Јапонија до Ханеда.

Ханеда е еден од најфрекфентните аеродроми во Јапонија.

Авионот на крајбрежната стража наводно бил на пат кон област на западниот брег на Јапонија оштетена од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Најмалку 48 луѓе се претпоставува дека се убиени, а други се уште се закопани под урнати згради.

Извор: Еуроњус

Јапонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.