Хрватските медиуми јавуваат дека сите четири патници биле од Унгарија, а авионот летал од Сплит кон Германија.
Спортски авион „Цесна“ со четири патници се урнал во близина на Раковица, во северниот дел на Хрватска, во близината на границата со БИХ, соопштија од горската служба на Хрватска.
Хрватските медиуми јавуваат дека сите четири патници биле од Унгарија, а авионот полетал од Сплит кон Германија.
30 припадници на горската служба се на терен во потрага по остатоците од авионот.
Од радарот авионот исчезнал околу 11:52 часот. Веднаш во потрага се вклучиле и 34 полициски службеници. Последниот контакт на авионот бил на 2.300 стапки, северно од Раковица.