Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ: Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис со мизогинија и сексизам

1
By Нова ТВ on November 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“, се мизогинистички и сексистички.

Агенцијата констатира дека кампањата претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам, што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „Трите радиодифузери кои ја продуцирале оваа кампања, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспојлив со професионално однесување“, додаваат од АВМУ.

Во кампањата, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеси кои меѓусебно се исклучуваат, еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава, успешните жени се подложуваат на потсмев и омраза, а на децата и младите од обата пола им се испраќа порака дека не се еднакви и дека не треба да се стремат кон еднаквост.

До трите радија се упатени известувања за констатираното прекршување на Законот, Извештајот од надзорот е достапен на веб страницата на Агенцијата, а ќе биде испратен и до Комисијата за заштита од дискриминација.

Од трите радија се извинија на „сите оние кои почувствувале дека Кампањата „Пре-еманципирани жени“ има намера да го навреди или дискриминира идентитетот на жената, нејзината позиција, улога и значење во семејството, во општеството и во некоја од неговите сфери“.

„Напротив, префиксот ПРЕ од насловот на кампањата, има намера да посочи дека сѐ што оди во крајност и е претерано е контра-продуктивно, дека газењето на сѐ пред себе во исто време значи заборавање на етичкото во себе, и сквернавење на архетипското и суштественото кај жената. Кампањата посочува и на машкиот квази-традиционален модел на супериорен, егоистичен, пасивен маж, со „генетска предиспозиција за доминантност“, кој живее на грбот на жената“, напиша Сити Радио.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025
ФОКУС

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон

ВЕСТИ December 18, 2025

Министрите и одговорните во државната управа ќе бидат ,,амнестирани” за несовесно работење во службата!?

Брисел: Оптимизам во ЕУ за финансирањето на Украина – епилогот во текот на ноќва

December 18, 2025

Атина: Грција со реакција на изјавата на Мицкоски – Името Северна Македонија е дел од Уставот

December 18, 2025

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора

December 18, 2025
ТИКЕР

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.