Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон

0
By Zoran Ivanov on December 18, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 18, 2025 23:41

Министрите и одговорните во државната управа ќе бидат ,,амнестирани” за несовесно работење во службата!?

Новите измени на Кривичниот законик, кои се поднесени од девет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, веќе предизвикуваат сериозни ракции и загриженост кај стручната јавност. Првата оценка е дека има подобрување во однос на заострување на казните поврзани со кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, но сепак казнената политика е поблага во однос на законското решение кое беше на сила до 2023 година.

Поточно, сега највисоката казна предвидена за функционерите кои ќе ја злоупотребат злужбената положба и овластување, кај едно од делата, е максимум 10 години, а со старото законско решение лимитот беше максимални 20 години.

Но, сепак, она што го оценуваат како скандалозно, е што со новите измени од одговорност, во еден дел, се изземааат одговорните во државната управа, а во која спаѓаат и министерствата. Па така, доколку измените добијат зелено светло во Собранието, во иднина, за несовесно работење во службата нема да одговараат одговорните лица во државната управа.Имено, во постоечкото решение, членот 353в, ставот 5, гласи:

,Службено лице или одговорно лице во орган на државна управа или друго правно лице кое со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна” Во новите измени е избришан ставот 5 од член 353в.

Исто така, има сериозни забелешки и за новиот член кој во живот требаше да ги врати злоупотребите во јавните набавки, односно важниот член 353 став 5. Новиот член гласи:

,,Службено лице или одговорно лице кое спротивно на закон, набави стоки, услуги или работи без да спроведе постапка за јавна набавка во случаите кога било должно да ја спроведе или направи измени на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба за време на нивната важност спротивно на закон над законски утврдениот вредносен праг, ќе се казни со затвор од една до осум години, а доколку со делото од овој став е прибавена имотна корист од големи размери или е причинета имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од четири до десет години.“

Со вака поставен член тешко дека во пракса ќе произлезат обвиненија за злоупотреби при јавни набавки, бидејќи злоупотребите се прават во друга насока, а тоа било прецизно укажано од претставниците од Бирото за јавни набавки, но очигледно ваквите забелешки воопшто не биле земени во предвид.

Измените се поднесени од група пратеници, иако со месеци се најавуваше нов закон на кој работеше Миниатерството за правда. Тоа што стигнаа козметички измени место нов европски закон реагираше и лидерката на ЛДП Моника Зајкова. Од Владата тврдат дека Нацрт верзијата на Кривичниот законик која ја подготвува Министерство за правда е во завршна фаза и дека во моментов се врши усогласување со три нови ЕУ директиви кои стапија на сила во меѓувреме.

-Веднаш штом биде конечно завршен имаме обврска да го доставиме на мислење до Европската комисија, па потоа да влезе во собраниска процедура. Кратките измени на КЗ се вршат заради имплементација на проектот сејф сити. Заедно со тие измени ќе се вршат измени и на делата „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „злосторничко здружување“ и „несовесно работење во служба“, велат од Влада.

Со измените, сумирано кажано, се предлагаат повисоки казни за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, како и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки. Но дел од експертската јавност предупредува дека се работи за уште едно ад-хок „крпење“ на закон кој со години чека сериозна реформа – со уште отворена врата за условни казни и забрзано застарување на делата.

Причината за брзањето е одлуката на Уставниот суд кој уште во февруари утврди дека измените од 2023 година, донесени во време на владата на Димитар Ковачевски, сериозно го разнишаа владеењето на правото. Со тие измени беа намалени казните за злоупотреба на службената положба, беа избришани одредби за злоупотреби при јавни набавки и беше скратена казната за злосторничко здружување, што фактички им отвори пат на бројни поранешни функционери да избегнат или да си го скратат кривичното гонење.

Тогашниот пакет беше донесен по скратена постапка, со „европско знаменце“, за еден ден и со минимална расправа, што предизвика сериозен револт во јавноста и остри реакции од домашни и меѓународни организации кои предупредија на „тивка амнестија“ за високата корупција.

Сега, под притисок на рокот што го постави Уставниот суд и на серијата забелешки во европските и меѓународните извештаи, владејачкото мнозинство се обидува да покаже заострување на санкциите. На хартија, тоа изгледа како враќање на „тврдиот“ курс против корумпираните функционери. Во практика, меѓутоа, клучниот детал е што во новиот текст веќе ја нема формулацијата „најмалку пет години затвор“, која постоеше во старите одредби и која практично го правеше делото речиси незастарливо и го исклучуваше институтот условна осуда. Наместо тоа, рамката „четири до десет години“ значи побрз рок на застареност и отвора простор првпат осудени функционери – особено со добро одбранбено лоби – да се извлечат и со условна казна ако судот оцени дека има олеснителни околности.

Извор: Независен.мк

 

закон измени Кривичен скандалозни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.