Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ: Советот одлучува самостојно, без какво и да е влијание

0
By Нова ТВ on July 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги категорично ги отфрла наводите на Здружението на новинари на Македонија дека директорот на Агенцијата, на седницата одржана на 15 јули се обидел да влијае на членовите на Советот, да донесат одлука на штета на телевизите Алсат-М и ТВ Телма.

-Советот на Агенцијата, како што е утврдено со закон, одлуките ги носи со мнозинство гласови од вкупниот број членови, врз основа на материјали подготвени од Стручната служба. Извештаите за надзор, меѓу другото, содржат констатации од надзорот, опис на прекршувањето и предлог-мерка. За време на одржувањето на седница, вообичаена пракса е да се отвори дискусија по точките на дневен ред, во чии рамки се изнесуваат поединечните мислења и ставови и се споделувааат сознанија и информации поврзани со материјалите кои се дискутираат. На споменатата седница, Советот, едногласно донесе одлука да се покренат прекршочни постапки против ТВ Телма и Алсат – М поради прекршување на изборниот молк, се вели во соопштението од АВМУ.

Во него се додава дека обраќањето на директорот на Агенцијата во врска со прекршувањето на изборниот молк на ТВ Телма во кое тој изнесува добиени информации не може да се толкува како обид за влијание.

-Напротив, членовите на Советот треба да бидат запознаени со сè што се случува во медиумската сфера, особено кога станува збор за сериозни прашања како вршење притисок врз медиумите. Ваквите прашања треба да бидат во фокусот на јавните дискусии и наместо да се „жигосуваат“ оние коишто ги обелоденуваат информациите, релевантните страни треба да вложат напори за нивно надминување и да ги поттикнат оштетените субјекти да ги процесуираат пред надлежните органи, се вели во соопштението од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.