Новак Ѓоковиќ беше шокантно поразен во 2-то коло на Австралија Опен од Денис Истомин со 3:2 во сетови- 7 (10):6(8), 5:7, 2:6, 7 (7):6 (5), 6:4.
Одличниот Истомин успеа да го елиминира Новак, кој по натпреварот изјави дека не можел да направи ништо повеќе.
„Честитки до Истомин, играше одлично и јас тука не можев ништо да направам.“
https://www.youtube.com/watch?v=PJCn5lfhOj4
Истомин пак, со шега му се обрати на Ѓоковиќ:
„Се извинувам на Новак. Му благодарам на тимот, мамо успеав. Толку емоции во мојата глава, не можам да дојдам до вистинските зборови. Мислам дека одиграв многу над просекот. Оваа победа ми значи многу, конечно можев да почуствувам вакво нешто.“
Тој во наредното коло ќе игра против Буста и тоа ќе му биде шанса да дојде до уште една победа на АО.