Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Автобусот е од 2007 година и беше технички исправен, тврди газдата на „Беса Транс“ за БНТ

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три години компанијата „Беса Транс“ го поседувала автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, во кој загинаа 45 граѓани. Автобусот бил произведен во 2007 година, а сите контроли покажале дека тој бил исправен, тврди газдата на „Беса Транс“ Беким Хаџиу, кој во интервју за БНТ, рече дека останува во Бугарија за да биде достапен на органите кои ја водат истрага за несреќата.

Автобусот помина на технички преглед пред да замине од Турција и сè беше во ред, тврди газдата на „Беса Транс“, Беким Хаџиу во интервју за Бугарската национална телевизија, прва негова изјава за медиум по трагедијата во која загинаа 45 луѓе, а седум патници беа повредени. Според Хаџиу, пред секое патување автобусте на „Беса Транс“ поминувале на сервисна проверка.

– Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни ги проверат автобусите, бидејќи превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Сè беше во ред таму, тврди Хаџиу.

Тој кажа дека со неговото семејство биле дел од патувањето, со друг автобус.

Изгорениот автобус на „Беса Транс“ бил произведен во 2007 година, а компанијата го купила како половно возило пред три години. Досега овој автобус, Хаџиу вели дека немал технички проблеми, кој опишува дека му е тешко да ја прифати трагедијата на автопатот „Струма“ во Бугарија.

– Си велев зошто не сум во овој автобус, да умрам во автобус и тоа си го кажав многу пати, рече Хаџиу.

Тој кажа дека на границата меѓу Бугарија и Македонија дознал дека еден од автобусите излетал на автопатот „Струма“ и се вратил на местото на несреќата.

Хаџиу рече дека тој се возел во првиот автобус, заедно со неговата сопруга, додека неговите деца се превезувале во последниот од вкупно четирите автобуса.

Хаџиу во интервјуто за БНТ, говори и за возачите на автобуси на „Беса Транс“. Тој кажа дека тие се искусни професионалци кои многупати ја поминале релацијата и ги почитувале часовите за пауза. Според Хаџиу, автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да вози повеќе од 100 km/h. На прашањето дали автобусот ги има сите потребни документи, Хаџиу ова не сакаше да го коментира поради отворената истрага во Бугарија, за која, како што рече, токму поради неа останува во оваа земја во која изнајмил стан.

– Никој не сакаше ова да се случи. Сите го знаат тоа. Не дозволувајте никому да му се случи оваа трагедија, тажна, многу тажна трагедија. Не знам што друго да кажам, изјави за БНТ сопственикот на Беса транс.

„Беса Транс“ е основана во 2009 година. Оваа компанија четири години е редовен превозник до Истанбул.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.