Настанот се случил вчера (08.06.2022) во претпладневните часови кога во 10.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“, патничко возило „Опел Астра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(52) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од Л.М.(46) од Гостивар, информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., кои и биле констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.