Асоцијацијата на Архитекти на Македонија за вечерва упати повик за средба во нивните простории, поради како што посочуваат потребата од реакција на предложената интервенција на Градскиот Трговски Центар.
Средбата се одржува во канцеларијата на ААМ, во центарот на Скопје. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска појаснува дека се добредојдени сите кои се засегнати со намерата Градскиот Трговски Центар да се претвори во барок здание и дека сите идеји се добредојдени.
Авторот на ГТЦ, покојниот проф. Живко Поповски, проминентен архитект, остави аманет неговото дело и репрезентативен објект, Градскиот Трговски Центар да не се менува. Против барокниот изглед на ГТЦ и се дуќанџиите кои се сигурни дека затворањето на трговскиот центар кој сега има улога и на премин од едната на друга страна, ќе го намали прометот.
Освен ГТЦ, во барок стил е планирано да се фасадираат и кулите кои се во склоп на трговскиот центар. Дел од станарите веќе реагираа дека не сакаат стаутии на покривот на висококатниците.