Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азербеjџан ќе дава грантови за човекови права во Норвешка

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателскиот кабинет на Азербеjџaн, односно Советот на граѓански организации под негова капа, дава грантови за невладини организации во сферата на заштита на човековите права и слободи, промоција на граѓанскиот активизам, одржување на регионалниот мир и борбата против ксенофобијата.

Интересно е дека повикот се однесува во најголем дел на развиените западноевропски држави, како и САД, Швајцарија, Турција и Руската федерација. Па така, на овој повик можат да аплицираат и невладини органиации од Норвешка, Германија, Белгија, Австрија, Франција, Чешка итн.

Азербеjџан е држава која е остро критикувана од меѓународната заедница во однос на заштитата и промоцијата на човековите права и слободи, односно граѓански и политички права. По приклучувањето во Советот на Европа Азербеjџан под притисок ослободи 100 политички затвореници, но уште стотици останаа притворени и се уште се притвораат приврзаници на опозицијата, новинари и граѓански активисти без истрага и било какви докази.

Во однос на слободата на медиуми и изразување Азербеjџан од меѓународните организации кои вршат мониторинг се вбројува во неслободните земји. Освен што новинарит се затвораат за клевети во сомнителни или речиси никакви судски процеси, во последните пет години 3 новинари беа убиенти, а кога во 2005 беше убиен главниот уредник на критичниот весник Монитор, Елвар Хусеинов, органите не ги гонеа неговите убијци.

Јавни протести против претседателскиот режим не се толерираат и обично ваквите обиди завршуваат со многу повредени и затворени.

Судејќи по реакциите на некои медиуми во Азербеjџан, овој повик е во ред, според други, ова е врвна иронија. Ако се земе во предвид моменталната ситуација со граѓански и политички права и слободи во оваа држава, остануваат две можности кои го објаснуваат овој повик – желба за промена на политичкиот систем во Азербеjџан или едноставна “закачка” насочена кон оние кои ја критикуваат состојбата во земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.