Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески – за одржлив развој потребни се научно-истражувачки анализи, а не паушални констатации

0
By НОВА ТВ on November 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со потпретседателката д-р Елена Милевска-Штрбевска и в.д. Оперативниот директор за развој, иновации и знаења во Комората м-р Михајло Донев, денеска (12.11.2021 година) присуствуваат на свеченото отворање на „Винчини Центарот за развој и Прогресив Академија“ во Виница, под слоганот – НОВИ ПАТИШТА ЗА УСПЕХОТ ВО РЕГИОНОТ.

Проектот кој Макпрогрес доо Виница успешно го реализира во услови на една од најголемите светски здравствени кризи со сериозни економски импликации јасно ја покажува определбата на компанијата за континуирано инвестирање во еден од клучните предуслови за развој – стручен и соодветен кадар. Следејќи ги моделите на развиените земји со потврден квалитетен систем на образование, Макпрогрес реализира уште една во низата успешни бизнис приказни. Кон крајот на 2019 година одлучува да инвестира во развоен центар за нови производи и решенија со своите вработени, бизнис партнери, добавувачи, старт- ап компаниите, академската и научната фела, учениците од дуалното образование и младите како би одговориле на предизвиците на создавање на квалитетни производи и решенија во прехранбената индустрија, за одржлив развој на регионот.

Овој концепт на работа, преку научно – истражувачки анализи да се развиваат иновативни производи, треба да бидат пример за компаниите дека само така се доаѓа до поуспешни, конкурентни фирми препознатливи и кај нас и ширум светот, а академиите кои се насочени кон професионална надградба на нивните стручни кадри, но и на извршните менаџери секако дека ќе придонесат за развојот на бизнис-секторот во овој регион, а со тоа и во државата.

Инвестирањето во образование на кадри за потребите на бизнисот е една од клучните заложби и на Стопанската комора на Северна Македонија, за што веќе се преземаат и конкретни чекори преку секторот за развој, иновации и знаења при Комората, односно преку Советот за унапредување на високото образоавние, во насока на усогласување на понудата со побарувачката на работна сила, од една страна, како и поттикнување на инвестициите и извозот, од друга страна, како претпоставка за стабилна и развојна економија.

Анализите кои ги прави Комората од областа на пазарот на трудот, покажуваат дека нам ни е потребно токму она што го прави сега Макпрогрес со овој проект, а тоа е потесно специјализирање на кадарот и насоченост кон иновации и развој имајќи го предвид податокот дека 53% од новите работни места бараат стручно образование во определена област.

Свеченото отворање ќе се одржи денеска (12.11.2021 година), со почеток во 12:00 часот, во кругот на Фабриката „Винчини“ (Виница). Истражувачките и развојните центри треба да бидат клучната основа од каде што треба да се појде при градењето на стратегиите и дефинирањето на чекорите за натамошно придвижување напред, на економски план. Научно-истражувачки анализи, а не паушални констатации е нашето мото!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.