Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден сака да ја заврши војната во Авганистан: Дали тоа навистина ќе се случи?

0
By НОВА ТВ on April 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека се спрема за да ја заврши „најдолгата војна на Америка“, односно војната во Авганистан. САД прв пат го нападна Авганистан со воздушни напади во Октомври, 2001. Поводот за овој офанзивен потег на САД беа нападите на 11ти септември, 2001 во кои беа убиени околу 3 000 луѓе од страна на терористичката организација Ал-Каеда предводена од Осама Бин Ладен. По овие напади тогашната исламистичка влада предводена од Талибанците не сакаше да го предаде Бин Ладен на Американците и затоа САД ја почна својата инвазија врз Авганистан.

Војната во Авганистан каде што се инволвирани американски војници, како и војници од земјите кои припаѓаат на НАТО алијансата, трае скоро 20 години. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп исто така сакаше да ја заврши оваа војна и изјави во октомври, 2020 дека САД ќе ги повлече своите војници од регионот до мај, 2021 откога САД и НАТО сојузниците потпишаа договор со авганистанската влада предводена од Талибанците во фебруари, 2020. Со неговата вчерашна изјава, Бајден всушност го помести овој датум и кажа дека американските војници ќе бидат повлечени од Авганистан до 11ти септември, 2021 – еден симболичен датум што означува точно 20 години од нападите од 2001.

„Не можеме да го продолжиме циклусот на продолжување или проширување на нашето воено присуство во Авганистан, со надеж дека ќе создадеме идеални услови за нашето повлекување, очекувајќи поинаков резултат,“ кажа Бајден. Тој додаде дека фактот што САД го нападна Авганистан по „ужасните напади“ пред 20 години не може да објасни зошто американските војници се сѐ уште таму денес.

Иако ова ветување звучи надежно, прашање е дали всушност САД ќе се повлече од Авганистан, особено бидејќи и поранешните претседатели Барак Обама и Доналд Трамп го ветија истото, но тоа никогаш не се случи. Обама всушност го вети завршувањето на оваа војна во прво во 2012тата година, па после повторно во 2014тата годнина.

Во најновата епизода на популарниот подкаст Citations Needed посветен на медиумска критика, водителите Нима Шерази и Адам Џонсон зборуваат за тоа што тие го нарекуваат „The Art of Fake-Ending Wars“, односно уметностна на лажно завршување на војни. Во оваа епизода Шерази и Џонсон зборуваат за како војните кои ги води САД скоро никогаш не се популарни со американската јавност и дека многумина ја сметаат војната во Авганистан како акт на американски империализам (како и впрочем другите војни во кои САД е инволвиран). Но и покрај нивната непопуларност и морална сомнителност, овие војни сепак продолжуваат меѓу другото заради интересите на силното лоби на компаниите кои произведуваат оружје во САД, тврдат Ширази и Џонсон. Исто така водителите на Citations Needed сметаат дека медиумите често некритички ги пренесуваат ветувањата на политичките лидери дека ќе завршат овие војни без да оценат дали тоа е само ПР потег или нешто што вистински ќе се случи. Тие го даваат примерот кога на претседателот Трамп во октомври, 2019та година најави дека САД ќе се повлече од северна Сирија. Една година подоцна, дипломатот Џим Џефри изјави во ноември, 2020 дека всушност во Сирија останале „многу повеќе од 200 војници“, практично признавајќи дека војската не била до крај искрена со Трамп и дека САД никогаш не се повлекол од Сирија.

„Додека ние нема да останеме воено вклучени во Авганистан, нашата дипломатска и хуманитарна работа ќе продолжи ,“изјави Бајден, додавајќи:„ Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме владата на Авганистан “. BBC исто така известува дека Бајден ветува дека САД ќе продолжи со обезбедувањето помош на авганистанските одбранбени и безбедносни сили што ќе вклучува и 300 000 лица, за кои Бајден вели дека ќе „продолжуваат да се борат храбро во име на нивната земја и да го бранат авганистанскиот народ, по огромна цена“.

Ако САД сепак остава стотици илјади лица кои би требало некако да помогнат во одбраната и безбедноста на Авганистан, тогаш дали стварно САД се повлекува од оваа долга војна или пак ова е стратешки ПР? Ако ја следиме логиката која ја образложуваат Ширази и Џонсон, тогаш изгледа дека администрацијата на Бајден ја менува дефиницијата за тоа што значи да се биде инволвиран во една војна. Ако овие 300 000 лица се стационирани во Авганистан за да помогнат на авганистанските одбранбени и безбедносни сили, дали можеби тие луѓе се само војници под друго име? Вистинскиот одговор веројатно ќе го добиеме по 11ти септември, 2021 до кога би требало САД да се повлечи од Авганистан, ако тоа вистински се случи овој пат.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.