Американскиот потпретседател Џо Бајден кој е во посета на Киев, изјави дека САД е подготвена да застане до Украина против „понижувачките закани“.
На средба со лидерите на различни политички партии во Украина, Бајден истакна дека тие имаат историска можност да изградат единствена Украина.
Изрази и уверување дека САД се подготвени да и помогнат на Украина да стане енергетски независна од Русија.
– Замислете каде би биле денес доколку би можеле да и кажете на Русија да си го задржи гасот, рече Бајден.
Во програмата на Џо Бајден за денеска се предвидени средби со привремениот претседател на Украина, Олександар Турчинов и со премиерот Арсениј Јацењук.
Џо Бајден е првиот висок американски претставник кој допатува во Украина по посетата на државниот секретар Џон Кери на 4 март годинава.