Американскиот претседател Џо Бајден, за Ен-би-си њуз изјави дека работите би можеле брзо да излезат од контрола визави ситуацијата во и околу Украина, пренесува Ројтерс.
Тој им препорача на американските граѓани кои се наоѓаат во Украина да бегаат од земјата зашто потоа немало да испраќа војска по нив ако нападнеле Русите.
Претходно американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради „зголемени закани од руска воена акција“.
Русија во повеќе наврати негираше дека планира да ја нападне Украина, но поради натрупувањето на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница, некои западни земји, вклучително и САД, излегоа со тврдење дека може да ја нападне Украина во било кој момент.