Кетрин, Војвотката од Кембриџ, примена е во болница во рана фаза на трудовите, објави Бакингемската палата, како што јавува Си-Ен-Ен.
Оваа вест е според кралскиот протокол – првите индикации дека бебето е на пат ќе биде најавата во медиумите дека војвотката е применa во болница во раните фази на трудовите, кралски извори кажуваат за Си-Ен-Ен.
Следниот јавен оглас се очекува да биде дека се породила. Тоа ќе биде донесенo во форма на oфицијален билтен, потпишан од страна на медицинскиот персонал и потоа ќе се упатат во автомобил со полициска придружба до Бакингемската палата.
Таму, известувањето ќе бидат сместено во позлатени рамки позиционирани на триножник – истиот оној што се користеше да го објави раѓањето на Вилијам – и се става во дворската палата за сите да видат.
– Првите што ќе знааат за бебето ќе бидат кралицата Елизабета Втора, премиерот Дејвид Камерон и гувернерите на секоја од државите од Комонвелтот, заедно со остатокот од кралското семејството и Мидлтон, семејството на Кејт. Ако бебето пристигне во средината на ноќта, тоа е малку веројатно кралица дека ќе биде разбудена, па постои шанса дека официјална најава нема да биде направена до следното утро.
– Славенички пиштол како поздрав ќе се слушне од Кралската коњичка артилерија во Грин парк (41 круга) и Почесната артилерискиска компанија на Лондонската кула (62 круга), откако ќе се роди бебето.