Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баланс: Инсулинската криза го загрози животот на неколку дијабетичари

0
By Менче Атанасова Точи on October 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Поради инсулинската криза во државата загрозен е животот на неколку дијбетичари, информираат од Асоцијацијата за детски дијабетис „Баланс МК“. Во Радовиш на девојче лекарите и дале несоодветен инсулин, односно наместо долгоделувачки добила мешан инсулин по што имала компликации по нејзиното здравје. Од таму тврдат дека двајца пациенти паднале во кома, а бремената жена од Штип прима инсулин кој го добила како донација.

Во Здружението велат дека им помагаат на пациенти со донации од инсулин кој го дибваат од Норвешка, Словенија и Бугарија.

-Целата приказна мириса како да се работи за бизнис зделка. Ние собираме донации од фирми, имаме и од Новонордиск, за да им помогнеме на пациентите, но чекаме одобрување од Министерството за здравство и за нив. Доколку треба да се штеди , еве можност на Министерството да се покаже, вели Цвете Серафимовски претседател на Баланс МК.

Дека дијабетичарите не треба да бидат средство со кое надлежните ќе ги порамнуваат сметките, предупреди и професорот Јове Кекеновски, чиј син веќе девет години е на инсулин. Кекеновски апелираше до Министерот Тодоров и до премиерот Груевски да не го ставаат во опасност здравјето и иднината на нивните деца.

-Не можам да ја сфатам инаетливоста на министерот и неговата суета, притоа не водејќи сметка за здравјето на пациентите. Дијабетичарите се доведени во една лоша состојба и внесени во една бизнис зделка, ни криви, ни должни. За промена на инсулинот може да каже матичен ендокринолог, а не некоја суетна одлука на министер кој утре може да биде сменет. Дали Тодоров видел како изгледа кога дијабетичар ќе падне во кома? Не можам да го сфатам молкот на ендокринолозите, а се јави да се бламира еден кој, воопшто не работел со болни од дијабетис. Преку нивни грб, нарачетелот ќе ги помирува сметките со добавувачите. Ние како родители сме загрозени од тие функционери што возат бесни џипови и имаат скапи станови, но не излеговме јавно, туку оставивме органите на прогонот да си ја завршат таа работа. Нас не не интересираат становите на добавувачите, туку нѐ интересира здравјето на пациентите, истакна Кекеновски.

За својот проблем со инсулинот зборуваше и Ели Секуловска, која раскажа дека имала големи здравствени проблеми кога и бил сменет инсулинот.

-Ми го сменија инсулинот и цела година се трудев да го избалансирам нивото на шеќерот во крвта. Секој втор ден бев на лекар, шеќерот ми беше 18. Зошто да се враќам на овој лек кога не ми одговара, рече Секуловска.

Од здружението се уште чекаат на одговор од Министерството за здравство на писмото со кое бараат шест ендокринолози да гараантираат дека нема да биде загрозено здравјето на децата, трудниците и останатите дијабетичари со промената од еден на друг инсулин.

Револтирани се што еден од докторите кој зборуваше на оваа тема на една од провладините телевизии е советник од оваа област на Тодоров, а преходно работел во Новонордиск.

Сметаат дека министерот не треба да го советува човек кој не работел со ниту еден пациент болен од дијабетес. Особено се револтирани и од молкот на лекарите, за кои се сомневаат дека се под огромен притисок, па затоа често ги менуваат изјавите за промената на инсулинот на која се принудени пациентите бидејќи залихите од Новонордиск се потрошиле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.