НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Како „неутралните“ телевизии ги селектираат вестите?

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
  • Дневниот распоред за нашите Обединети опозициски телевизии покажува дека максимално треба да се елиминираат ликовите на Пендаровски и Османи
  • Право на присутност е дадено за Ванковска, во оваа фаза од борбата за вилата Водно.
  • Колку за Силјановска, евидентно има план нејзината слика и тон допрва да се засилува, како и онаа на Таравари.

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ / Цивил Медиа

„Па, се разбира, жена“ – нè заплиснува со својата енергичност, па и лутина од екранот една пазарџика, која додава дека сите други (!), значи мажите, се покажале „фотелјаши“. Анкетата е просто уфрлена во стартот на утринската програма на Македонската телевизија, кога очекувате вести кои треба да ви бидат ориентир за тој ден со вести да проодноста на патиштата, ќе има ли некој кварт струја и вода…

Но како што сум кажал и друг пат, утринскиот политички сегмент во најраните часови на националната телевизија умее перфидно да ја искористи вашата недоволна расонетост да ви влезе под кожа место кафе или чај во желудникот и да постигне „задоволителни поени“ кај шефовите.

Оние, надвор од зградата наречена Стојанка. Во оваа анкета, емитувана околу седум часот наутро на 28 февруари, како и поголем број од она што како таков жанр едноставно не е најавена соодветно, не се слуша прашањето од новинарот, што е елементарно правило, а од одговорите на прашаните треба да заклучиме дека не била само дилемата – каков претседател треба да имаме, туку имало и сугестија – од кој пол треба да биде!

Перфидноста на анктеите

Па и лично сум искусил една таква утринска анкета на МТВ за цените, на артиклите некаде во септември, каде што бевме влезени само тројца, а само јас бев со кесите во рака, додека другите (две анкетирани жени) според местото каде што беа сопрени, а поминуваа на пристојно растојание од маркетот и барем едната од нив е политички силно ангажирана, можете да претпоставите во која партија. Мојот одговор беше скратен, исечена суштината, а задржано парче од реченица што на анкетарката ѝ одговарало.

Но за анкетите веќе сè е познато. Тие се перфидни форми на силување на сликата за стварноста на нашите ТВ екрани. Во случајот, тоа е прогласување на отворена и пристрасна битка за претседателската вила на Водно, онака без фанфари, „за Власите да не се досетат.“

Впрочем, ние имаме една нескротена, постојана, жестока кампања која е емитувана од Палатата Татарчев постојано и без усул. Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, треба во сите вести, од утрото да биде прв со комплетно аудиовизуелно претставување. Како за добро утро. Може и вчерашна вест. По било кој повод. Потоа можат да следат другите од јавните личности, по можност само со фотографија, но никако да не се претставуваат оние кои се рамни на него по функцијата или, не дај боже, да се потенцијален конкурент на нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска.

Минхен, Минхен и беше Минхен, ама не кај нашите телевизии

На пример, Конференцијата за безбедност во Минхен кој се одржа неодамна, ќе добие минимален одек во телевизиските вести, особено ако треба да се спомене Пендаровски. За другите двајца присутни таму –премиерот или министерот за надворешни работи да не говориме (исклучок можеби се телевизиите на албански јазик, каде што немам увид).

А не дај боже некој уредник да помисли дека треба да ги покани да поразговараат за она што се случуваше таму. Дури и пост фестум. За потсетување на тоа за колку значаен собир се работи. Да се потсетиме, токму на еден таков собир во Минхен е одлучено да се поттурнат преговорите на земјава со Грција што вродија со Преспанскиот договор. Од друга страна тоа доведе до паролата – Никогаш северна, зад која стоеше секако „најпатриотската партија“ која сега треба да нè внесе во зоната на длабока историска ревизија. Одбојноста кон тој собир е двојна, секако и идеолошка и персонална. За да немаме дилема, таквата паноптика е секако дел од она што во војска се нарекува „дневна заповед“ овој пат наменета за телевизиите.

ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА Се е подготвено во телевизиите овие клучни кандидати да имаат различен третман.

Капацитет колку за куси гостувања

Таа разлика секако на овие избори за шеф на државата посебно ќе дојде до израз со присуството на професорката Ванковска, која е претставник на почистата, нескриена антинато опција во земјава, како претставничка на трабант партијата на ВМРО-ДПМНЕ – Левица, чија основна задача е да биде евентуална правосмукалка на дел од гласовите за левиот центар.

Додуша, за партијата и нејзината антинато солуција би гласале оние кои не знаат дали се опиени од тоа што Апасиев положил цвеќе на гробот на Енвер Хоџа (белки истиот внимавал во Тирана да не го види некој мештанин, бидејќи, не би поминал добро) или потенцијалните гласачи го респектираат фактот дека во меѓувреме положува цвеќе на гробот на Тито во Куќата на цвеќето…

Луѓето можат да изберат. Ванковска и нејзината себеопиеност пред огледалото е одличен претставник на жртвено јагне што, сепак, знае дека нема никакви шанси да биде играч во трката за претседател на државата и дека има споредна улога. Знаат и оние кои деновиве собираат гласови за таа да го мине цензусот и тие ѝ намениле улога засега да биде постојан гостин, секој ден, ако треба и во две студија дневно, како во вистинска кампања.

Но, оние кои ги влечат конците се свесни дека истата нема капацитет долго да биде пред камерите, па таа гостува главно во вестите, како гостин кој ќе добие едно или две прашања и ќе ги рецитира однапред научените одговори. Како она дека „ако не успееме да излеземе од НАТО треба да се фрлиме во Вардар“!, врв на мудроста на нашата десница. Или Десница?! Или на професорка на УКИМ?

ОСТАНА ЖИВА Не се симнува од екраните, иако во тој миг немаше собрано доволно потписи! Еве како се претставува.

Имиња под посебна рестрикција

Програмираната селективност, видовме и низ фактот (што ниту малку не ме изненади) дека никој во утринските програми не даде достоен простор, макар и како информација за самитот „Југоисточна Европа и Украина“ кој започна на 28 февруари во Тирана, а кадешто учествуваат претседатели на држави од регионот.

Во вестите на МТВ во 9 часот веста за самитот во Тирана беше претпоследна, содржеше две реченици и само фотка на Пендаровски, сето тоа покусо од едно трепкање со очите. На Телма, во кусите вести во 11 часот веста беше извртена – слика од неколку секунди како албанскиот премиер Рама го пречекува украинскиот лидер Зеленски, без било каква назнака дека се работи за меѓународен собир (излегува дека е тоа билатерална посета!), ама со добар „изговор“ за да не се каже кој сè присуствува таму тој ден.

Ама неволјата е што на самитот на највисоко ниво оди токму Пендаровски, а тој е очевидно во систем на посебна обработка кај уредниците на вестите. Сите белградски телевизии, истото утро, на пример, оваа вест ја имаа како централна уште од пет часот наутро, кога таму некаде и започнуваат со програмата, при што, за прорежимските уредници беше интересно присуството на Вучиќ таму заради темата, а за оние проопозициските (само две телевизии) беше интересно дали нивниот претседател ќе направи некакво, макар мало ослободување од прегратката на Путин.

МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ И таа требаше да има третман како професорката Ванковска, беше само кандидат без доволно потписи, ама немаше!

За кого е непријатна темата – Украина

Кога сме кај оваа тема – Украина, во понеделникот, на 26 февруари се одржа Мултимедијална  конференција „Украина: Две години хероизам“ во организација на Амбасадата на Украина и македонската граѓанска организација Цивил – Центар за слобода. Таму учествуваше и претседателот Пендаровски и тоа како прв говорник, но затоа на ТВ имаше прилог каде што тој дојде како последен во извештајот, просто како зорле додаден. И генерално, овој значаен настан, на кој учествуваа сите амбасадори од западната сфера беше турнат на маргините, а предмет на рестрикција беше и говорот на министерот Османи, кој барем кај телевизиите од македонското говорно подрачје го немаше! Како што вешто се одбегнуваше паното на кое стоеше името на соорганизаторот Цивил!

Слична гимнастика кај камерманите имаше и при отворање на работите кај Универзалната сала, каде што тие мораа да измислуваат агли под кои ќе јас фатат говорничката – министерката за култура, само да не се видат другите присутни, наредени во заднината, а меѓу нив беше и лидерот на партијата СДСМ. Зошто!?

Затоа, пак, достоен приказ имаме на лутината на Мицковски кој вели дека се јавуваат и такви индивидуи за функцијата претседател на државата кои нема да соберат толку гласови на изборите колку што евентуално ќе имаат поддршка на претквалификациите. Веројатно мислеше токму на оние кои му се нему како партија конкуренција. Тука е, на пример, извесна Зорица Цветковска која е кандидат на партијата Десница, која на стартот „заработи“ нула гласови, како резултат на сеќавањето на народот на нејзиниот шеф Палчо (!), кој е сè уште во турски затвор. Тука е вевчанецот Господин Поповски (името ме потсетува на Бугаринот Георги Господинов) кој, како што чув на стартот добил девет гласови. Овие лица се пред сè, натрапници за Палатата Татарчев, бидејќи ако влеат во трката ќе чепнат од нивниот бурек. А бурекот, како што вели Мицковски, станал толку скап како да е драгоценост!

Деновиве, на ТВ Клан гледав еден многу пријатен прилог, без агресија кон никого – интервју со една од оние кандидатки кои настојуваат да влезат во трката за претседател, Мерсиха Смаиловиќ. И таа на денот на разговорот ги немаше потребните потписи. Но немаше ниту проф. Ванковска! Зошто таа имаше дузина интервјуа на ударни вести, а Смаиловиќ ја нема таа шанса? Има ли во тоа пропорција? Нема, секако. Но можеби некој и сака да биде така и на тој начин да влијае на текот на собирањето на 10 илјади потписи.

Ќе има ли реакции на оваа нерамноправност? Па да ви кажам – нема. Кандидатката Смаиловиќ не е во дневниот распоред на телевизиите со национална фреквенција, а и за повеќето останати кандидати. Да го споменам АВМУ? Не, директорот се јавува само ако е во прашање Ковачевски, без да ја знае својата основна функција – да ја брани јавноста од новинарите, а не новинарите од јавноста, како во случајот.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
ГОСТУВАЊЕ известување Љубомир Костовски телевизии Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.