Во сабота, 8 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина “Жизел“.
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
Во „Жизел“ ќе настапат: нашата примабалерина Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија), Хиларион: Драган Кочовски, Мирта: Марта Петкова (Примабалерина – Софија), Па де де: Ангела Велевска и Јан Кисилев, Оружоносец: Драган Пандиловски. Настапуваат: Комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), додека диригент е, Бисера Чадловска.