Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бандата лае за кој бил асли учен

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да, сограѓаните Албанци „ЧМААТ СО НАС” затоа што ВМРО-ДПМНЕ е паметно само за себе кога нејќе во ЕУ, а во јавност божем трперливо се колеба, приговарајќи дека не чинело што и да имаше на маса – но истото е енормно глупо за сите нас, како граѓани, како народ.

Емилија Целакоска

Ќе честитам денес за Климент Просветител со рендање на денешни антипросветителски потрчковци на ВМРО-ДПМНЕ, кои не заслужуваат поединечно внимание, затоа што дејствуваат како банда.

Бандата лае за кој бил асли учен – некои од нив, па, се научиле импакти да споменуваат, небаре абер имаат што е тоа. Некои се фатиле за облеката (сериозно!), а некои со плукање врз УКИМ (бил пред Бит – пазар!) заборавајќи дека правеле емисија на УКИМ со шефот им заедно, којшто е избран во звање на истиот УКИМ. Настрана што срце им се кине што дирекчево од АНБ е толку баксузно, аљкаво и неспособно што не знае ни уверлив фалсификат да си направи за себе од ученост голема. За него – мукла.

Така ја бранат глупавоста (или безобразието) на оваа власт од ЕДНА професорка, д-р Ана Чупеска, редовен професор, со куп меѓународни рецензии (ако знаат да ја отворат страната на УКИМ), која со три збора им ја боде вистината како колец во срцето, не ним лично, се разбира, туку на владината тупавост.

Што мислите, Албанците ќе чмаат тука со нас…?

Точно „чмаат со нас” има страници и часови содржина, односно само професор од голем калибар може олку кратко и јасно:

– и да го стави на видело владиниот неразум (за ЕУ),

– и да опомене,

– и да ја адресира владината неодговорност.

Како просветител со моќ да продре со мислата меѓу маса непросветени (и да им имплантира специфично дизајнирана болва што ги чеша – додека да се просветлат!) е причината што е мета на приговарања за секакви површности, само не за содржината на она што им направи осип. Оти оние кои би морале да имаат одговорност – се опоменати со вистината.

Да, сограѓаните Албанци „ЧМААТ СО НАС” затоа што ВМРО-ДПМНЕ е паметно само за себе кога нејќе во ЕУ, а во јавност божем трперливо се колеба, приговарајќи дека не чинело што и да имаше на маса – но истото е енормно глупо за сите нас, како граѓани, како народ.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

Емилија Целакоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.