Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бандерата во која не сакаме да се удриме со Артан Груби

0
By Биљана Секуловска on December 14, 2019 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сакале или не, ни се допаѓало или не, Артан Груби има потполно право да вели- “Апсурдно е да се зборува за Законот за јазици, затоа што правото за употреба на мајчин јазик е дадено од Господ”.

Евентуално можеби, една процедурална забелешка:  тоа повикување на Господ секогаш повлекува други апсурди- со оглед на тоа и што самото негово непостоење е доволен апсурд- воопшто да се повикуваме на неговиот авторитет.

Но, сепак- да имало барем малку правда и елементарна смисла за вистинска слобода во овој зол и нималку хуман свет, веројатно овој очаен повик на Груби одамна ќе беше апсолвирана и здодевна тема, презрена како шпанската иквизиција, во најмала рака. И не само на Груби, секако не е само негов протест тој крик за да се разбуди светот.

Тој свет што го сонуваме јас и Груби, ќе беше широко поле на среќни и задоволни луѓе, никогаш жедни за слободи и права, сите ние, вклучувајќи ме и мене, како и Груби, сите ние ќе зборувавме насекаде на нашиот мајчин јазик, каде и да посакаме, на јазикот кој никогаш и никаде немаше да биде доведен во прашање.

Но, но. Ова не е мајчин свет, повикувањето на мајката кога говориме за јазикот е јалов обид, промашена позиција од самиот почеток, откако сме зачнати во овие груби рамки на териториите кои секогаш сакаат да се шират и во исто време да стеснуваат се што им изгледа помало, автоматски и безвредно во нивните стиснати очи.

Во овој свет владеат правилата и кодексот на маќеите, на отфрлените, несаканите, сирачињата. На оние што немаат право на ништо, освен да се согласат да останат презрени и понижени, исмевани и сакатени со векови.

Но, добро, во таквата игра, наметната и често грубо саможивна, демократските правила се  оние кои диктираат сепак помеки и пофини нијанси на однесување. Во таквите коцентрични кругови, сите сме вметнати- од нас се очекува цивилизирано и со смирен тон да дебатираме, да разговараме, да преговараме.

Се сложувам, одамна нема за што да се преговара, особено за употребата на јазиците, добога. Откако постои светот, првиот човек, најситната клетка која се соединила со друга, откако се чуло за амебите, секако, немаме повеќе што да говориме за тоа кој како сакал да говори. Но, што, што сакал да говори е прашањето- за тоа секогаш можеме секогаш да направиме напор и да слушнеме, да ислушаме со внимание. Како и што сите ние мораме да чуеме што сака Груби да каже, како што и тој би можело да седне и да разбере што има да се зборува. Се согласувам, не би смеело, не би требало да се повторуваат истите, стари, излитени и измрцварени теми за употребата на албанскиот јазик. Но, само тоа е начинот.

За жал, или за среќа, одберете како што ви е драго, но единствениот начин е системот и начинот од кој нема подобар- демократскиот, оној на дијалогот, на компромисот, на разбирањето- колку повеќе слободи и права, толку повеќе зборови, зборови, зборови, кои ќе ги бранат само слободите и само правата. На чист, прекрасен албански јазик, на чист, еднакво прекрасен македонски јазик. За да се разбереме што зборуваме, мораме да почнеме- да зборуваме- па на крај да се сложиме Артане Груби, дека е сега добро, ова е светот кој двајцата го сакавме.

Тогаш кога ќе научам јас албански секако дека ќе биде многу полесно- а таа борба да почне да се учи како втор јазик, албанскиот, барем факултативно за почеток, секогаш ќе ја поддржам- затоа што сега само јас губам, изгубена во незнаењето и игнорирањето, но ако одбиеш да разговараш, никогаш нема да научам ништо од тебе, ниту ти од мене.

Како што од книгите на Хандке идните генерации ќе осознаат дека талентот ништо и не мора да значи, ако карактерот и менталниот склоп го воделе кон радост да слави фашисти како Милошевиќ, да плаче на нивните гробови и да се радува на оние гробови кои неговиот идеолошки татко ги откопал , ги наполнил и потоа со радост ги закопал. Се сложуваме сите дека прекрасниот јазик на книгите и на уметноста го менува светот, тоа е неспорно така, но еднакво во историјата останува и неговиот друг јазик- оној на повиците за плукањето на гробовите на Сребреница- тој јазик некогаш го превртува истиот тој прекрасен свет кој Хандке го создал со своите дела, и го втурнува во гробницата кој самиот тој си ја создал. Јазикот на правдата, на човечноста, на милоста секогаш е посилен од нечиј талент и само тој јазик може да се слави и наградува.

Ние секако можеме да се пошегуваме со бугарските идеи дека овој мој јазик, македонскиот- е само обичен дијалект, веројатно и лош и искривен, би додале закоравените националисти во жестината, но, таквите болни шеги не се најдобрата замена за дијалогот, кој сепак се води, колку и да е навредлив и понижувачки. Мора да се разговара, да го цитирам Никола Димитров, инаку никаде нема да стигнеме, освен во сопствените заробени умови, затворени, несреќни и разочарани.

Имаме зошто сите секако да бидеме горчливи, но таа тврдоглавост, таа ригидност и закоравеност е еден пуст пат кој на крајот има една насадена бандера за удирање тврди глави. Само така ќе омекне барем делче од кората на главата, а шуплината ќе се пополни со малку кафеава боја од бандерата, колку да не зјаи празна сосема таа луда глава. Таа е испразнета, а во исто време полна со измешани, заврзани во милион апсурдни јазли, тажно заостаната во минатите векови, во калта на балканските чизми.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.