Лидерот на опозицијата е убиен, а неколку луѓе се повредени откако анти-владините демонстранти блокираа гласачко место во Бангкок, јавува Си-Ен-Ен.
Лидерот бил застрелан додека одржуваше говор во Бангкок, изјави портпаролот на движењето.
– Сутин Тарантин беше застрелан во главата додека држеше говор од задниот дел на пик-ап камион , изјави портпаролот на протестот Аканат Промпан за АФП.
“Владата не успеа да обезбеди безбедност и сигурност за никого денес и покрај итниот декрет”, рече тој, мислејќи на владината мерка зајакнување на полицијата за контрола на протестите.
Ургентниот центар Ераван потврди дека еден човек бил убиен, а девет повредени во пукањето во градско предградие, без да даде понатамошни детали.