Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за криптовалути, екстрадиран во САД

0
By Ана Василевска on December 22, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Сем Банкман-Фрид
Сем Банкман-Фрид
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сем Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за тргување со криптовалути „Еф-те-икс“ (FTX), синоќа од неговиот дом на Бахамите беше екстрадиран во САД, каде се соочува со низа кривични дела за финансиски измами, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

„Банкман-Фрид (30) е под надзор на Федералното биро за истраги (ФБИ) и патува назад во САД“, изјави Демијан Вилсон, обвинител за јужен дистрикт на Њујорк.

Според него, обвинетиот ќе се појави пред судија „колку што е можно поскоро“. 

Радиото Ен-пи-ар јави дека Банкман-Фрид бил пријавен од двајца негови поранешни колеги и пријатели, Керолин Елисон и Гери Ванг, кои исто така се обвинети откако се изјасниле за виновни, а сега соработуваат со истрагата. 

Двајцата се обвинети од Комисијата за хартии од вредност и берзи, државен регулатор на Волстрит, за измама на инвеститорите на крипто берзата и соработуваат со истрагата поврзана со активностите на Банкман-Фрид, со можност да постигнат договор со иследувачите за намалени казни. 

Портпарол на поранешниот милијардер не одговори на барањата за коментар. 

Банкман-Фрид е обвинет за финансиски измами од неколку милијарди долари, откако неговата онлајн берза за тргување со криптовалути, отворена во 2019 година, а која во еден момент во 2021 година достигна над милион корисници, во ноември објави банкрот. 

екстрадиција криптовалути Сем Банкман-Фрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.