– Коалицијата што ја нападна Исламската држава синоќа во Сирија му разјасни на светот дека Америка не е сама во борбата и дека владите на Блискиот Исток ја одбиваат оваа држава – изјави денеска американскиот претседател Барак Обама пред Белата Куќа.
– Нападите на САД против „исксусните оперативци на Ал Каеда во Сирија“ , познати како напади на групата Корасан, покажа дека САД нема да толерира засолништа за терористи, додаде Обама во своето обраќање.
Тој рече дека разговарал со членови на Конгресот за ноќешните напади врз Сирија и дека има поддршка од двете партии.
САД и неколку арапски држави во текот на ноќта пуштија неколку бомби врз територијата на Сирија што всушност претставуваше првата офанзива упатена кон Исламската држава и претставуваше порака дека Обединетите Нации нема да стојат со скрстени раце додека тие дивеат и шират терор.
Бахран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Катар исто така учествуваа во операциите.
САД, исто така, презеде мерки, против друга терористичка организација, групата Коросан, соопшти армијата. Групата претходно беше формирана од страна на високи членови на Ал Каеда со седиште во Пакистан, кои патувале во Сирија за да ги насочат операциите. Групата Коросан активно прави заговор против татковината на САД и Западот.
Операцијата започнала со серија на проектили лансирани од морето, проследено со напади од бомбардери и борбени авиони.