Американскиот претседател Барак Обама го именуваше вице адмиралот Мајкл Роџерс за нов шеф на Агенцијата за национална безбедност (НСА).
Роџер оваа функција ќе ја преземе во мошне чувствителен момент за НСА, со оглед на тоа дека Агенцијата се наоаѓа под незапаметен притисок по откритијата на Едвард Сноуден во врска со масовното шпионирање, кое го спроведувалa.
– Ова е критичен период за НСА, а вице адмиралот Роџерс има исклучителни квалификации за оваа позиција во момент кога Агенцијата ја продолжува својата витална мисија и ги имлементира реформите на претседателот Обама, истакна американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл, кој го препорача Роџерс за оваа функција.