Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барем за маја, Таравари

0
By Биљана Секуловска on March 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една изјава на Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар ми пролета- како сите награди на манифестацијата Златна бубамара биле дадени на Македонци. Да имаше барем една за Албанец, за маја, напишал тој на Фејсбук.

За маја. За маја да има барем еден Албанец. Веројатно има еден во оваа држава. Секогаш за таа оптоварена маја се бараат Албанци. Тие мора да бараат, за Македонците нешто да им даваат. Којзнае, можеби и посакувањето мора да се запише во некакви закони и правила. Да се посака да се биде еднаков, за маја. Мајата е ужасна работа, но, понижувачкиот дел е токму вкусот на сласта.

На Албанците никогаш ништо не им припаѓа со раѓање. Како и на жените во оваа земја.

За маја не се доволни само Албанци. Таравари претпоставувам дека знае дека вкусот на мајата подразбира и уште една смешна категорија- за маја секогаш се бараат и жени. Понекаде и би можело да се најдат такви ретки видови.

А како додаток да се побара и награда и за жена- Албанка? Тоа сепак би било премногу маја за оние на кои им се гади од товарот кој го носи таа смрдлива маја низ вековите.

За маја да има нешто поинакво, нешто различно. За маја да не се приближуваат премногу различните. Да не бараат она што не им припаѓа. Кога ќе размислиме, и ништо баш и не им припаѓа. Не во оваа земја.

Во мајата се бара и еден Турчин. Можеби и една Турчинка премногу би дошла. Жените се особен товар, непотребен.

Во таа маја, што подразбира навистина само една обична и лоша, евтина глума, може добро да дојде и еден Ром. Претерување би било да се посака и жена- Ромка. За зрнце маја не би поминал лошо ниту Влав. На прв поглед, би заинтригирал и еден Евреин. Влаинка, Еврејка- би сакала ли мајата и на такви да им се приближи?

Ниедна маја не може да ги свари сите овие барања, да ги соџвака, да ги голтне, да ги измеша убаво, да се лизгаат низ цревата. Да не им се слоши на останатите, на кои им се превртуваат  цревата од оние кои не се како нив. За маја велите и би преживеале да направат преседан, можеби, да се согласат да одберат некој што не е како нив. Некому што не му треба маја. Бел, маж, расен Македонец. Кому му е важно, се додека е маја, кому му е важно Таравари, што понатаму со таа нивна бедна и јадна маја.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.