Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска ќе престојува во посета на Белград. Предвидено е со највисоките српски официјални претставници да разговара за процесот на евроинтеграција на Србија. Барозо во Белград се среќава со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Во пресрет на посетата на Белград, Борозо во изјава за Танјуг оцени дека Србија е „многу важна земја за ЕУ“ и дека остврила значаен напредок во европските интеграции.