Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо в недела ќе ја посети Србија, соопштија од ЕК.
Барозо во Белград ќе има средби со државниот врв.
– Србија е многу важна држава за ЕУ и оствари значителен напредок во европските интеграции – изјави Баросо на брифинг во Брисел.
Тој потсети дека ова е вторпат во својство на претседател на ЕК да доаѓа во Белград.
– Имам намера покрај Србија да ги посетам и останатите држави од регионот кои остварија напредок на европскиот пат – изјави Баросо и додаде дека по Белград заминува во Тирана.