По бурата од реакции од вчерашната конференција за печат на владиката Петар каде тој зборуваше зошто се самоубила Мерилин Монро, телевизијата Телма објави скриншот од снимката на кој се гледа полниот бар со алкохол на владиката.
Фотографијата е веќе хит на социјалните мрежи и интернет медиумите, а досетливите граѓани му го “возвраќаат” ударот на владиката Петар за нападите врз припадничките на женскиот пол во земјава, откако Петар вчера се обиде да им “одржи” лекција на сите жени кои сакаат да абортираат тврдејќи дека треба да го земат примерот на Мерилин Монро, која откако се “кастрирала”, се самоубила поради жалење дека нема повеќе да има деца, откритија веројатно познати само на владиката.