НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден со драматично предупредување: Пријатели, мора да се соочиме со суровата вистина

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден упати остро предупредување за, како што рече, мрачната насока во која се движат САД под администрацијата на Доналд Трамп.

Во обраќање пред Националната адвокатска комора во Чикаго, Бајден зборуваше за сериозни закани по владеењето на правото и граѓанските права, притоа алудирајќи на својот наследник без да го именува директно.

Не можете да го засладите. Ова се мрачни денови“, рече Бајден пред речиси 1.100 членови на претежно афроамериканската правна организација, јави американскиот портал Политико. Тој порача дека актуелната администрација се обидува да поништи сè што било постигнато во неговиот мандат и ја обвини за обиди да ја „избрише вистината, заедно со основните принципи на правдата, еднаквоста и демократските вредности.

Бајден изјави дека САД се наоѓаат во историски критичен момент, посочувајќи на одлуки што, според него, ги укинуваат слободите и ги рушат долгорочните правни преседани. Тој ја обвини и администрацијата за непочитување на имигрантите, напади врз адвокатски канцеларии и медиуми, како и за злоупотреба на моќта на извршната власт.

Пријатели мои, мора да се соочиме со суровата вистина за оваа администрација – нејзината цел е да уништи сè што изградивме, порача Бајден.

Одговорот од Белата куќа не доцнеше. Портпаролот Харисон Филдс го обвини Бајден за лицемерие, велејќи дека тој „ја уништил земјата“ и ја водел од плажа и преку автоматизиран потпис – автопен.

Тој е последната личност што треба да зборува за водење држава, рече Филдс, наведувајќи дека токму Бајден дозволил правниот хаос и загрозување на Уставот.

Настапот на Бајден доаѓа во клучен момент за Демократската партија, која сè уште не соопшти дали ќе го кандидира повторно на изборите или ќе бара ново лидерство.

 

Бајден лоша насока предупреди пријатели Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.