Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бебињата останаа без вакцини против Хепатит Б, се чека тендер

0
By Менче Атанасова Точи on November 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема вакцини против Хепатит Б за ревакцинација на бебињата од два и шест месеци. Одделите за вакцинација на деца се празни, потрошени се сите резерви со оваа вакцина која спаѓа во задолжителната вакцинација и за која следуваат казни до родителите доколку не ги вакцинираат децата. Вакцини нема и во приватните болници.

Во редакцијата на НОВА се јавија родители кои се пожалија дека веќе две недели чекаат да ги вакцинираат своите деца, но во службата за вакцинација им било кажано да се јавуваат секој ден и да прашуваат бидејќи не знаат кога ќе има вакцини.

„Веќе два месеци бараме вакцина, пробавме и во приватна болница но и таму ни река дека нема вакцини. Моето бебе на 30 ноември ќе направи два месеца и медицинската сестра ни објасни дека мора во тој рок да ја прими ревакцината, изјави за НОВА мајка на двомесечно бебе.

Според информациите на НОВА, во државата има недостиг и од други вакцини. Но, лекарите велат дека вакцината против Хепатит Б е најургентна.

Во поликлиниките во Скопје потврдија дека немаат вакцини веќе извесно време но, на одговор не упатија во Министерството за здравство кое врши централизирани набавки. Во службата за превентивна заштита при Министерството за здравство потврдија дека се потрошени сите залихи на вакцини бидејќи го чекаат новиот тендер за вакцини кој е при крај.

„Точно е дека нема вакцини за втора и трета ревакцинација, но за новороденчињата во породилиштата обезбедивме од првата доза да има до јануари идната година. Процедурата со тендерот е при крај, договорите се потпишани, а како ургентни следната недела ги очекуваме да пристигнат вакцините против Хепатит Б“ , изјави за НОВА, Јованка Костовска од Министерството за здравство.

Од Министерството велат дека тендерите се долги процедури и затоа целата работа е успорена. Количините на вакцини ќе стигнуваат континуирано, некои на 30, други на 60 дена, но приоритет ќе се даде на вакцините за Хепатит Б. Од таму не објаснија кои се вакцини недостасуваат во државата и зошто на време, планирано, не го распишале тендерот за децата да не останат без вакцини.

Со овој тендер се порачани и пет и шест валентните вакцини, кои од индната година ќе им се даваат на сите деца до две годишна возраст. Тоа се вакцини со кои со едно боцкање се ставаат пет или шест вакцини одеднаш, а не предизвикуваат бурни несакани реакции.

Сепак, овие вакцини во државата ќе стигнат во август 2015 година, бидејќи како што објаснија во Министерство, имало голема побаравачка за овие вакцини и затоа се чека толку многу.

Тендерот за вакцини министерот Тодорв го најави уште пред половина година. Зошто се чекаше децата да останат без вакцини не е познато.

Државата предвидува казни за оние родители кои нема да ги вакцинираат своите деца. Според законот тие што нема да ги вакцинираат децата плаќаат глоба од 300 до 650 евра, но ако родителите се јават на постапка на порамнување, казната се намалува за половина од овој износ.

НОВА пред два дена објави дека нема реагенси за многу важни испитувања на Институтите за имунологија и микробиологија. Како причина беа наведени новите измени на Законот за јавни набавки од мај годинава со кои за секоја јавна набавка треба да се добие одобрение од Советот за јавни набавки. Според познавачите на проблематиката токму новоформираниот Совет ја кочи процедурата бидејќи треба време додека се соберат членовите кои се од различни специјалности, а згора на се велат тие, Советот претставува непотребно административно оптоварување, и е голем трошок за буџетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.